Трансродова жена победи на изборот за мис на Португалија

Марина Машете ја освои титулата Мис на Португалија и стана првата трансродова жена што го направила тоа во оваа земја.

Машете е 28-годишна стјуардеса и првата трансродова жена која победила на изборот за Мис на Португалија, а ќе се натпреварува со уште една трансродова жена за титулата Мис Универзум во Ел Салвадор.

На овој начин, изборот за Мис Универзум 2023, кој ќе се одржи на 18 ноември во Сан Салвадор, ќе остане запишан во историјата како прв натпревар од ваков тип со најмалку две трансродови учеснички.

„Горда што сум првата трансродова жена која се натпреварува за титулата Мис Универзум Португалија. Не можев да учествувам со години, а денес сум горда што сум дел од оваа неверојатна група финалистки“, напиша Машете на социјалните мрежи неколку дена пред да победи.

Машете беше претставничка на градот Палмела, во Сетубал, од каде што е. Актуелната мисица се издвоила по заложбата за заштита на правата на животните, а како што пренесува португалскиот весник Público, освен што ја освоила круната, победила и во категоријата што го издвојува најсигурниот кандидат.

За Машете, нејзиното учество на натпреварот докажува дека „за среќа, особено во случајот со нејзиното семејство, љубовта е посилна од незнаењето“.

Во текот на летото, Рики Коле влезе во холандската историја со тоа што стана првата транс жена што ја освои титулата Мис на земјата. Прогласувајќи ја за победничка, жирито изјави дека 22-годишната девојка „има моќна приказна со јасна мисија“.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Живот

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Read more

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Read more
 

Магазин

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Читај повеќе

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Читај повеќе

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Читај повеќе

Дали е време вашето дете да почне да носи очила?

Читај повеќе