Три домашни лека од рен за синуси

Главоболката е чест придружник на воспалените синуси кај кои неретко не помага ниту најсилниот лек.

Со ладните денови се враќаат и маките на сите кои патат од често воспаление на синусите. Инфекцијата се појавува кога синусите ќе отечат, што го спречува природното цедење, а тоа доведува до притисок, болка и потешкотии со дишењето.

Навечер, пред спиење, ставете на топла рингла лажица изрендан корен од рен. Покријте ја главата со поголем пешкир, наведнете се и вдишувајте од испарувањето. Оваа постапка повторувајте ја најмалку 5 дена, без да прескокнувате денови.

Исто така, земете свеж рен, изрендајте го и прелијте го со вински оцет, а потоа ставете го во флаша од пола литар и затворете ја. Смесата чувајте ја 10 дена на собна температура со повремено протресување. Кога ќе поминат 10-те дена, неколку пати на ден преку отворената уста на шишето 5 минути вдишувајте го испарувањето.

Со истата течност потопете ткаенина и држете ја во текот на ноќта на челото или на задниот дел од главата. Оваа терапија трае 5 дена, што е доволно за лутиот и јак мирис на рен во оцет да го реши синуситисот и непријатната главоболка.

Едно од решенијата е и да изрендате 50 грама рен, да го ставите во 5 децилитри вода и да го оставите да зоврие. Потоа ставете ја главата над лонецот, покријте се со пешкир и вдишувајте од пареата. Од овој лек би требало за многу брзо да ви се отворат синусите.

Тагови
реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Read more

Здравје

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Скриени симптоми на висок крвен притисок

Read more

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more
 

Магазин

5 работи кои се забранети после 5 попладне ако сакате да ослабете

Читај повеќе

Доматите имаат еден многу опасен несакан ефект: Некои луѓе не треба да ги јадат

Читај повеќе

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Читај повеќе

15 особини кои ги имаат најретките и најпосебнитe луѓе

Читај повеќе

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Читај повеќе

Како да испечете вкусен и крцкав леб во тенџере?

Читај повеќе

Дали градината треба да се полева наутро или навечер?

Читај повеќе

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Читај повеќе

Направи магија вредна 500.000 денари

Читај повеќе