Три причини зошто жените глумат оргазам

Студија објавена во Archives of Sexual Behavior откри поради кои причини жените глумат оргазам.

Истражувачите разговарале со 462 хетеросексуални жени и издвоија три најчести причини поради кои жените лажат дека доживеале оргазам.

1. За да го задржат партнерот

Еволуциската психологија феноменот на глумење оргазам го објаснува како стратегија за задржување на мажот. Мажите сакаат нивната партнерка да ужива и доживува оргазам, а жените глумат само за да го задоволат партнерот.

Истражувањето покажало дека жените кои се плашат дека партнерот ќе ги изневери, почесто глумат оргазам.

2. За да го задоволат партнерот

Многу жени се сложуваат дека мажите треба да знаат што сакаат нивните партнерки и како да ги задоволат, но ако некоја жена смета дека задоволството на партнерот не е целосно ако и таа не доживее оргазам, тогаш ќе го одглуми.

Но, тука се крие уште еден проблем. Често разликата меѓу тоа дали жената сака да доживее оргазам поради себе и сопственото задоволство или мисли дека мора за да го усреќи партнерот, влијае на тоа дали навистина ќе го доживее.

3. Бидејќи нема причини за да не го одглумат

Постојан многу предрасуди поврзани за полот, а меѓу нив е и оној дека жените се премногу чувствителни или дека мажите би требало да се грижат за нив. Ако жените прифатат предрасуди поврзани со нивниот пол, таквите уверувања може да влијаат на нивните одлуки дали или нема да одглумат оргазам.

Истражувањето покажало дека жените кои имаат негативни уверувања за полот и оние кои мажите не ги почитуваат, почесто глумат оргазам.

Тагови
реклама

Љубов и секс

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Read more

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Read more

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Read more

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Read more
 

Магазин

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе
  • play_arrow

Како зелениот чај може да помогне во губењето тежина?

Читај повеќе