Трик кој го намалува бројот на калории во белиот леб

Ф.З.
/ 13.12.2023 / 12:45

Ако сте навикнати да јадете леб со секој оброк, а од друга страна, загрижени сте за вишокот калории што ги внесувате, експертите споделија трик кој ќе ви помогне да ги претворите едноставните јаглехидрати во лебот во оние поздрави, „отпорни“.

Лебот често се смета за главен виновник за зголемување на телесната тежина, иако во повеќето случаи тоа не е, особено ако јадете само парче или две дневно. Меѓутоа, ако ве мачи совеста што не можете да се откажете од него, можеби ќе ви биде полесно ако примените трик кој наводно ќе го преполови бројот на калории што ги внесувате со лебот.

Откако ќе купите или испечете домашен леб - ставете го во замрзнувач. Зошто? Бидејќи како и печењето и ладењето, замрзнувањето го претвора скробот во отпорен скроб. Звучи неверојатно, но тоа значи дека вашето тело добива многу помалку калории од лебот. Всушност, отпорниот скроб ги храни вашите цревни бактерии наместо да ве дебелее, пишува BBC.

Најголемиот проблем со белиот леб е што поради високиот гликемиски индекс пребрзо ослободува енергија, па го зголемува нивото на шеќер во крвта. Ова може да придонесе за развој на дијабетес тип 2, па дури и да го забрза развојот на малигни заболувања. Сепак, оние што немаат семејна историја на дијабетес, не треба да избегнуваат бел леб, кој идеално се јаде за појадок, бидејќи тогаш го забрзува метаболизмот, сметаат научниците.

Тагови
реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more

Фит

Каде најчесто грешиме со јадењето протеини?

Read more

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Read more

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Read more
 

Магазин

Засиленото опаѓање на косата може да укаже на недостаток на хранливи материи и разни здравствени проблеми

Читај повеќе
  • play_arrow

Како изгледа животот на еден од најгусто населените острови во светот?

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 15 најстрашни туристички атракции

Читај повеќе
  • play_arrow

Печурки во кремаст сос од павлака и кашкавал

Читај повеќе

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Читај повеќе

Алармантен број млади луѓе заболуваат од три типа на рак

Читај повеќе

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Читај повеќе

Што се случува во телото кога јадете јагоди?

Читај повеќе

Нефролог откри која храна е најдобра за здравјето на бубрезите

Читај повеќе