„Троен мутант“ коронавирус стигна во Европа

Британските здравствени власти ја предупредија јавноста за ширење на нов сој на коронавирус со „чудна комбинација на гени“, во Јоркшир.

Овој сој означен како „троен мутант“ предизвика загриженост кај јавноста.

Индискиот сој на вирусот SARS-CoV-2, кој создаде хаос во Индија, веќе е присутен во Велика Британија и предизвикува постојано зголемување на бројот на случаи во Лондон, и на неколку други места во земјата. Појавата на оваа нова, потенцијално поопасна варијанта може да го загрози најавеното отворање на земјата.

Од тие причини, Германија соопшти дека воведува карантин за сите патници од Велика Британија, од страв од ширење на новите варијанти на германско тло.

Велика Британија е една од ретките земји во светот каде што масовната вакцинација се спроведува успешно и која успеа драстично да го намали бројот на случаи со коронавирус и да го достигне самиот праг на излегување од пандемијата.

Сепак, иако британскиот премиер Борис Џонсон вети дека земјата ќе биде целосно отворена во јуни, новите откритија на медицинските експерти фрлија сенка врз оваа оптимистичка прогноза.

Имено, Министерството за здравство објави дека откриле ширење на нова, далеку позаразна варијанта на коронавирусот, колоквијално наречена „троен мутант“, во Јокшир и Хамбер. Од оваа сорта, која го доби името „Јокшир“, и во стручната јавност е позната како како AV.1, се разболеа 49 лица во овие две британски провинции.

Според експертите, овој нов сој содржи три мутации - две пронајдени во варијанта од Јужна Африка и претходно познат британски сој и една, целосно нова, наречен N439K, што би требало да има врска со можноста да го заобиколи човечкиот имун одговор.

Затоа, Министерството за здравство ја вклучи оваа варијанта меѓу варијантите на кои се посветува посебно внимание.

Сепак, бидејќи оваа варијанта е нова, односно беше откриена дури на крајот на април, научниците не се сигурни колку е повирулентна во споредба со претходно познатите соеви, кои кружат веќе подолго време.

Д-р Кевин Смит од Министерството за здравство ја смири малку јавноста тврдејќи дека оваа нова варијанта не е „особено заразна“. „Луѓето со оваа варијанта не се посериозно болни од другите лица заразени со вирусот корона. Не сме премногу загрижени.“

Д-р Грег Фел, директор на Институтот за јавно здравје Шефилд, ја повика јавноста „да не паничи“.

„Нема причина да се верува дека оваа варијанта е заразна или полесна за пренесување. Исто така, нема докази дека е отпорна на заштитата што ја обезбедуваат вакцините“, рече тој.

Сепак, поучени од искуствата од Индија, која се бори со сопствената верзија на „тројниот мутант“, Британците со право се плашат од тоа што може да се случи ако овој вид се покаже како вирулентен.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Здравје

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

4 несакани последици кои може да се јават ако јадете премногу леб

Read more

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more
 

Магазин

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Читај повеќе

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Читај повеќе

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Читај повеќе

Дали е време вашето дете да почне да носи очила?

Читај повеќе