Турција, Египет и Саудиска Арабија догодина влегуваат во БРИКС

Саудиска Арабија, Турција и Египет се очекува наредната година да пополнат апликација за членство во БРИКС, открива претседателката на Форумот на овој светски блок.

Индијката Пурнима Ананд, која е претседателка на Меѓународниот форум на БРИКС, утринава за руски медиум откри дека уште три големи светски земји, како по население така и по економија, имаат намера наредната година да поднесат апликација за членство во оваа организација.

„Сите овие држави покажаа интерес за да се придружат и се подготвуваат да аплицираат за членство. Верувам дека тоа е доабр чекор бидејќи на проширувањето секогаш се гледа позитивно; тоа дефинитивно ќе го зајакне глобалното влијание на БРИКС“, изјави таа во интрервју за рускиот дневен весник Известия кој датира уште од 1917 година.

Нациите на БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка) сочинуваат над 40% од глобалното население и речиси една четвртина од светскиот БДП. Наведените цели на блокот вклучуваат промовирање на мирот, безбедноста, развојот и соработката на глобално ниво и придонесување за развојот на човештвото.

Ананд рече дека прашањето за проширување било покренато за време на овогодинешниот самит на БРИКС, кој се одржа кон крајот на јуни во Пекинг.

Претседателката на Форумот на БРИКС рече дека се надева оти приклучувањето на Саудиска Арабија, Турција и Египет нема да потрае многу време, со оглед на тоа што тие „веќе се ангажирани во процесот“, иако се сомнева дека и трите во истовремено ќе се приклучат во алијансата.

„Се надевам дека овие земји ќе се приклучат на БРИКС наскоро, бидејќи сите претставници на основните членки се заинтересирани за проширување. Така што тоа ќе се слуши многу брзо“, додаде таа.

Веста за плановите на трите нации да се приклучат на БРИКС доаѓа откако Иран и Аргентина официјално аплицираа за членство кон крајот на јуни, при што портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Саид Хатибзаде, го опиша блокот како „многу креативен механизам со широки аспекти“.

БРИКС е формиран во септември 2006 година како БРИК. Името е акроним од првите букви на сите земји членки (Бразил, Русија, Индија, Кина), а откако во 2010 се приклучи Јужна Африка (South Africa) стана БРИКС.

Интерес за приклучување во БРИКС имаат искажано и Мексико, Индонезија, Нигерија, Бангладеш, Судан, Сирија и Пакистан, но никој од нив сѐ уште не се одлучил за апликација.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе