Турција постави 10 услови за да прифати влез на Шведска и Финска во НАТО

Турција постави 10 услови за да нема приговори за приемот на Шведска и Финска во НАТО, објави турскиот весник Sabah.

Меѓу другото, Турција очекува и разјаснување на пристапот на двете земји, кога станува збор за Курдистанската работничка партија и прекинување на активностите на раководството на групата во тие земји, вклучително и во Парламентот.

Анкара повикува и на запирање на финансиската поддршка за сириските курдски Сили за заштита на народот.

Меѓу барањата е и прекин на активностите за дезинформација, предводени од членовите на ФЕТО, организација обвинета за обидот за државен удар во Турција во 2016 година, по кои трагаат турските власти. Се бара забрзување на екстрадицијата на членови на курдски групи. Од Турција предлагаат и меѓусебни иницијативи за воспоставување механизам за блиска соработка и редовни консултации со земјата за тероризмот.

Како услов, Анкара става крај на шверцот со пари во двете земји на структури поврзани со терористички организации и блокирањето на нивните сметки. Се очекува и Шведска и Финска да попречат какви било собирања средства и антитурски иницијативи на групи, кои се претставуваат како невладини организации, пишува Sabah.

Листата со 10 барања на Турција допрва треба да им биде претставена на соговорниците, се наведува во текстот.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Свет

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Read more

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе