Турција: Шведска и Финска да престанат да поддржуваат терористи ако сакаат поддршка за НАТО

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушолу денеска рече дека Шведска и Финска мора да престанат да ги поддржуваат терористичките групи во нивните земји, да обезбедат јасни безбедносни гаранции и да ја укинат забраната за извоз на Турција, доколку сакаат Турција да го поддржи нивното членство во НАТО.

Говорејќи по состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Берлин, Чавушолу рече дека се сретнал со шведскиот и финскиот колега и дека тие се обидуваат да одговорат на загриженоста на Турција.

Тој додаде дека Турција никому не му се заканува, ниту има корист од актуелната ситуација, но особено зборуваше за поддршката на Шведска за курдската милитантна група ПКК, која Турција, Европската Унија и САД ја сметаат за терористичка организација.

Финска денеска потврди дека ќе поднесе барање за членство во НАТО, а се очекува и Шведска да го следи примерот, како одговор на руската инвазија на Украина.

Како што пренесуваат агенциите, сепак, загриженоста на Турција може да биде пречка, бидејќи секоја одлука за влез во НАТО бара едногласно одобрение од сите 30 земји-членки.

„Овде апсолутно мора да има безбедносни гаранции. Тие мора да престанат да ги поддржуваат терористичките организации“, им рече Чавушолу на турските новинари во Берлин.

Шефот на турската дипломатија додаде дека Шведска и Финска мора да ја укинат забраната за извоз на некои производи од нивната одбранбена индустрија во Турција.

„Нашата позиција е совршено отворена и јасна. Ова не е закана, тоа не се преговори во кои се обидуваме да ги наметнеме нашите интереси“, рече тој.

Според него, „ова, исто така, не е популизам“.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ги изненади сојузниците на НАТО и скандинавските земји во петокот кога рече дека Турција не може да го поддржи проширувањето, бидејќи Финска и Шведска се „дом на голем број терористички организации“, но неговиот портпарол во саботата рече дека Турција не ги затворила вратите.

Чавушолу повтори дека Турција, која влезе во НАТО пред 70 години, не се противи на политиката на отворени врати.

Тој рече дека разговорите со колегите од Шведска и Финска биле добри и дека тие дале „предлози за ублажување на легитимната загриженост, што Турција ќе ги разгледа“.

Шефот на турската дипломатија истакна дека им доставил докази дека терористи живеат во нивните земји.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Свет

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Read more

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе