Турција забрани продажба на алкохол во продавници до 17 мај

Турција забрани продажба на алкохол за време на периодот на „целосно заклучување“ на земјата, што започнува денеска. Тоа предизвика незадоволство кај противниците на Владата кои велат дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган се обидува да ги наметне своите исламски вредности на 83 милиони луѓе во државата.

Забраната за продажба на алкохол во самопослугите и продавниците со синџири ќе биде од 29 април до 17 мај, јавија локални медиуми повикувајќи се на службени лица запознати со прописите на Министерството за внатрешни работи.

Во тој период ќе можат да работат само продавници кои продаваат храна и други производи неопходни за животот на луѓето, изјави неименуван турски претставник.

Одлуката за забрана на продажба на алкохолни пијалоци нема да влијае на производителите кои можат да продаваат алкохол директно на граѓаните преку интернет или преку телефонска порачка.

Членовите на водечката турска опозициска Републиканска народна партија сметаат дека регулативата ги рефлектира желбите на Ердоган и неговата Партија на правдата и развојот за порелигиозен начин на живот во Турција и велат дека одлуката ќе има мало практично влијание врз ограничувањето на ширењето на коронавирусот.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе