Twitter ја запре поддршката за Косово: Не може регистрација со косовски број

Судејќи по жалбите на корисниците од Косово, се чини како Twitter повеќе да не го признава Косово како независно.

Помеѓу жалбите кои деновиве кружат по Twitter платформата особено се забележливи оние кои тврдат дека Илон Маск го тргнал Косово како опција за држава и ја укинал поддршката за позивниот број +383, кој е токму за Косово.

„Грешка. Не можеме да праќаме текстуална порака на овој телефонски број бидејќи операторот не е поддржан. Twitter го отстранил Косово како држава или барем косовскиот префикс +383. Претходно можеше да го поставите Косово како држава со префиксот +383... но сега не може, на листата го нема Косово, ниту +383“, се пожали твитерџијата Арменд Красниќи.

URL

Новинари од српскиот портал Mondo се обиделе да го проверат ова тврдење. Се обиделе да се регистрираат на платформата користејкќи телефонски број од кафуле во Приштина, на кој Twitter требал да прати код за верификација. На изненадување на новинарите, ја добиле истата порака како и горенаведениот твитерџија. Потоа се обиделе и со броеви од други оператори кои делуваат на Косово, но кај сите се појавила истата порака.

Од Mondo се посомневале дека можеби постои некој глобален проблем за регистрација, па тестирале дали ќе може да регистрираат профил со префиксот +381, кој е за Србија. Twitter успешно дозволил регистрација.

Иако Маск еднаш го спомена Косово кога се обидуваше на светот да му предложи решение за војната во Украина, ниту тој ниту самата платформа се немаат огласено околу одлуката на корисниците од Косово да им се забрани регистрација со телефонските броеви со косовски префикс, па останува нејасно дали станува збор за привремен проблем или трајна забрана.

Тагови
реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Три намирници што ги зачепуваат артериите

Read more

Интернет

YouTube тестира нов формат на реклами

Read more

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Read more

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Read more
 

Гик

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе