Twitter трајно го блокира профилот на Трамп

Социјалната мрежа Twitter синоќа соопшти дека итно и засекогаш го блокира Twitter профилот на претседателот на САД, Доналд Трамп. 

Компанијата смета дека актуелниот претседател ги нарушил политиките на социјалната мрежа за насилството и дека постои ризик тоа да се повтори. Според неа, одлуката да се блокира профилот е донесена поради „ужасните настани оваа недела“. 

-По внимателна проверка на последните твитови од @realDonaldTrump, и контекстот околу нив, ние засекогаш ја запираме работата на тој профил поради ризик од натамошно провоцирање насилство, се вели во соопштението.

Компанијата исто така објави резултати од анализа на последните два твита на претседателот и реакциите што тие ги оставиле кај некои корисници, според која „пораките можат да станат причина насилничките чинови во Капитолот на САД на 6 јануари 2021 година да предизвикаат мобилизација кај разни публики и да бидат повторени, затоа е донесена одлука за итно и постојано укинување на услугата“.  

Трамп праќаше десетици твитови секојдневно, а во текот на претседателството објави повеќе од 26.000 пораки.

Претседателот веднаш реагираше на одлуката на Twitter. Во соопштение по овој повод тој истакна дека мрежата сака да го замолчи. Изјави дека преговарал со други веб страни и вети „големи објави наскоро“, како и тоа дека работи на изградба на „наша платформа“. 

-Twitter не е за слободата на говорот. Тие работат за промоција на платформата на радикалната левица и дозволуваат слободно изразување на некои од најзлите луѓе во светот, истакна Трамп. 

Соопшти и дека се обидел да го искористи официјалниот профил на претседателот на САД, но дека Twitter веднаш ги бришел и тие твитови. Подоцна беше блокиран и профилот на изборната кампања на Трамп. 

Завчера, и Facebook го блокираше на неодредено време налогот на Трамп, а тоа го направија и други социјални платформи како Snapchat, YouTube, Reddit.

Twitter денеска објави дека отстранува профили чии сопственици шират содржини поврзани со радикалните десничарски групи како онаа на теориите на заговор QAnon. Некои од тие профили се на Мајкл Флин, поранешен советник на претседателот, и на адвокатот Синди Пауел. Од Twitter прецизираа дека овие профили продуцираат содржини кои можат да иницираат нови облици на насилство.  

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе