Уапсена 96-годишната поранешна нацистка која избега од судење

Деведесет и шестгодишната Ирмгард Фурхнер, која денеска требаше да се појави пред суд под обвинение за помагање во убиството на заробеници во нацистички концентрационен логор, беше уапсена во Хамбург, откако не се јави на рочиштето.

Откако утрово со такси го напуштила домот за стари лица каде живее, полицијата ја уапси за време на патрола во северниот дел на градот.

„Полицијата ја изведе обвинетата пред судија“, соопшти Судот во греатчето Ицехое, во близина на Хамбург.

На Фурхнер требаше да ѝ се суди пред провинцискиот суд во Ицехое за учество во убиството на 11.000 заробеници во логорот Штутхоф во близина на Гдањск за време на Втората светска војна, каде Фурхнер работела како стенограф и секретарка на администрацијата на логорот.

Судијата го одложи почетокот на судењето за 19 октомври поради тоа што обвинетата не се појави пред судот.

Во септември преку писмо таа побара од судијата да ја ослободи од обврската да присуствува на судењето од здравствени причини, што беше одбиено.

Меѓународниот комитет за Аушвиц денеска изрази огорченост поради тоа што обвинетата не се појавила на суд.

„Ова покажува неверојатен презир не само за владеењето на правото, туку и за преживеаните од Холокаустот“, се вели во соопштението на комитетот.

Поради големиот интерес на медиумите, судењето треба да се одржи во индустриска сала во предградие на Хамбург.

реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Свет

Зеленски го откажа патувањето во Шпанија и Португалија поради руската офанзива

Read more

Каков нов симбол се појави на руските тенкови?

Read more

ЕУ ќе распореди пожарникари на потенцијалните места за шумски пожари

Read more

Падот на моќниот и вечен Шојгу

Read more
 

Вести

Зеленски го откажа патувањето во Шпанија и Португалија поради руската офанзива

Читај повеќе

Запален автомобилот на директорот на затворот ,,Идризово“

Читај повеќе

Каков нов симбол се појави на руските тенкови?

Читај повеќе

ЕУ ќе распореди пожарникари на потенцијалните места за шумски пожари

Читај повеќе

Волстрит расте, но инфлацијата не стивнува

Читај повеќе

Падот на моќниот и вечен Шојгу

Читај повеќе

Променливо облачно и врнежливо време со ретки грмежи

Читај повеќе

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Читај повеќе

ЕУ ги заострува правилата за мигрантите

Читај повеќе