Убијци фатени и осудени благодарение на сведокот папагал

Девет години по убиството на една жена во Индија правдата конечно ги стигнала двајцата убијци откако како сведок се појавило домашното милениче - папагал.

Двајца мажи се осудени на доживотен затвор во Индија за убиство извршено во 2014 година, кое конечно било решено благодарение на папагалот кој го чувала убиената жена и кој бил сведок на убиството.

Специјалниот судија Мохамед Рашид во четвртокот ги осуди Ашу Шарма и Рони Масеј на доживотна казна затвор плус парична казна од 72 илјади рупии. Откако биле собрани доказите Шарма признал дека ја убил тетка му Нелам Шарма, со помош на неговиот пријател.

Двајцата влегле во нејзиниот дом во Агра на 20 февруари 2014 година кога мажот ѝ со децата бил на свадба. Ја избоделе 14 пати и дури и нејзиното куче го избоделе 9 пати. Внукот Шарма бил дојден по семејните пари и накит, со оглед на тоа што преку редовните посети успеал да дознае каде ги чувале. Едно време дури и живеел година дена со семејството, кое и го издржувало. Папагалот исто така живеел во домот, па добро го запознал идниот убиецот.

Кога сопругот Виџај Шарма се вратил од свадбата, ги нашол мртвите тела на сопругата и кучето. Почнал да се сомнева дека папагалот видел сѐ откако птицата престанала да јаде, пие и зборува, што се покажало дека е впоради траума. Верувајќи дека папагалот го знеа идентитетот на убиецот, составил листа со негови осомничени и почнал да ги чита имињата едно по едно пред папагалот. Кога дошол до името на Ашу, папагалот силно реагирал и буквално со врескање го кажувал неговото име. Истата постапка била повторена пред полицијата, која потоа го привела Ашу на разговор.

Папагалот не бил земен како доказ, ниту сведочел на било кој начин, но неговата реакција ја довела полицијата до вистинскиот убиец, кој потоа го признал делото. За жал, ниту папагалот ниту сопругот не доживеале да ја видат правдата, која судот ја објави во четвртокот, бидејки во меѓувбреме двајцата починале.

Ќерката Ниведита по изрекувањето на пресудата изјави дека нејзините родители ќе „сакаа Ашу да биде обесен“ и најави петиција за промена на пресудата од доживотен затвор во смртна казна.

реклама

Живот

dm Beauty o’clock: Незаборавен beauty настан кој ги постави стандардите за убавина на едно ново, многу високо ниво

Read more

4 постапки со кои родителите им ја уништуваат самодовербата на децата

Read more

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more
 

Магазин

dm Beauty o’clock: Незаборавен beauty настан кој ги постави стандардите за убавина на едно ново, многу високо ниво

Читај повеќе
  • filter

Наоми Кембел во Кан блесна во фустан што првпат го носеше во 1996 година

Читај повеќе

4 постапки со кои родителите им ја уништуваат самодовербата на децата

Читај повеќе

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Читај повеќе

Засиленото опаѓање на косата може да укаже на недостаток на хранливи материи и разни здравствени проблеми

Читај повеќе
  • play_arrow

Како изгледа животот на еден од најгусто населените острови во светот?

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 15 најстрашни туристички атракции

Читај повеќе
  • play_arrow

Печурки во кремаст сос од павлака и кашкавал

Читај повеќе

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Читај повеќе