УЕФА размислува за нови промени во Лигата на шампиони

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) е под притисок од одделни клубови Лигата на шампиони да прерасне во проект од затворен тип.

За актуелниот формат има гаранции дека нема да се реформира до 2024 година, но веќе се шпекулира дека промени дотогаш, сепак, ќе има.

Во Европската куќа на фудбалот се разгледува опција за додавање на четири дополнителни датуми во календарот, поточно плус две недели за што постојат и неколку теории за зголемување на бројот на натпревари од сезоната 2024/25.

Засега нема прецизни информации во кој дел од календарот ќе бидат вметнати дополнителните натпревари, меѓутоа Sky Sports пишува дека промени ќе претрпи групната фаза.

Замислата е проширување на групите од четири на шест тима за најбогатите да играат почесто. Со тоа, пак, се отвора дилема дали ќе се задоволат апетитите на најбогатите екипи кои инсистираат на затворена лига со цел повеќе пари и возбудувања.

Втората опција е нешто поотворена. Би опфатила две групни фази, а во втората би влегле осум клубови кои би биле поделени во две групи по четири. На тој начин најбогатите ќе одиграат повеќе меѓусебни натпревари на пролет, а место во полуфинале да има за најдобрите два тима од секоја група.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе