УФЦ и Хабиб: Навистина е крај

Претседателот на УФЦ, Дејна Вајт, објави дека Хабиб Нурмагомедов официјално ја завршил својата ММА кариера, а потоа на социјалните мрежи се појави и Дагестанецот и ги потврди неговите зборови.

Хабиб се повлече од ММА натпреварувањата откако го победи Џастин Гејџи во октомври минатата година, затоа што ѝ вети на мајка си дека нема да се бори повеќе откако почина татко му Абдулманап, кој му беше и тренер, и менаџер.

Вајт оттогаш тврди дека станува збор за избрзана одлука и рече дека ќе разговара со Хабиб за можно враќање. Тоа го стори во неколку наврати, но легендарниот борач не се предомисли и на последниот состанок во Лас Вегас, тој само ја потврди одлуката.

„Официјално ја заврши кариерата. Беше неверојатно да те гледам. Ти благодарам за сè и уживај во она што е пред тебе, пријателе", напиша Вајт на Instagram.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Dana White (@danawhite)

По него се огласи и Хабиб.

„Дејна Вајт, фала ти, брате, и тебе, и на целиот УФЦ што ми дадовте шанса. Променивте многу животи поради овој спорт. Дејна, никогаш нема да го заборавам твојот однос кон мене, татко ми не го заборави тоа, и моите синови ќе се сеќаваат на тебе. Денес разговаравме како вистински мажи. Им благодарам на мојот комплетен тим, спаринг партнерите и навивачите. Се надевам дека ќе ја прифатите мојата одлука и ќе ја разберете“, рече Хабиб.

Хабиб е можеби најдоминантниот УФЦ борец на сите времиња со професионален рекорд 29-0 во својата ММА кариера и УФЦ рекорд 13-0.

реклама

Останати спортови

Поранешниот голман на Челси тешко нокаутиран во KSW

Read more

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Read more

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Read more

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Read more
 

Спорт

Жирона може да се радува: City Group се повлекува за клубот да игра ЛШ

Читај повеќе

Дали Англичаните ќе донесат историска одлука за укинување на ВАР?

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ: Јас сум чудо на природата!

Читај повеќе

Жирона мора да реши еден проблем доколку сака да игра во Лигата на шампиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Со гол од корнер во 90+ Љуботен го освои женскиот куп против Саса

Читај повеќе
  • play_arrow

Синот на Леброн им се претстави на НБА тимовите: Лажел дека е 9 см повисок

Читај повеќе

Еден од клучните играчи го напушта Баер Леверкузен

Читај повеќе
  • play_arrow

Првото Светско клупско првенство за жени во 2026 година

Читај повеќе

Informer: Ѓоковиќ тајно примен на Ургентен во Белград

Читај повеќе