УЈП: Завршија контролите во КАМ, нема затворени маркети, ни изречени казни

Скопје, 23 март 2022 (МИА) – Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека завршија контролите на терен во „КАМ“ и ниту еден маркет не е затворен, ниту до овој момент се изречени казни кон овој даночен обврзник.

– Законска обврска на УЈП е да го штити интересот на граѓаните и на државата. Во таа насока, а по пријава на граѓани и институции, УЈП почна со надворешна контрола, согласно законот за увид во состојбата со залихите на трговската стока во магацините и продавниците, со цел да се утврди фактичката состојба и да се изврши споредба со книговодствената евиденција. Со првичниот и прелиминарен увид на терен, инспекторите утврдија дека дел од малопродажните објекти, не само во погоре посочениот маркет, туку и кај некои други маркети на големите ланци, се пресметувалo пет отсто ДДВ за основните производи за храна, наведува УЈП.

Дел од маркетите, според Управата, продавале масло за јадење, свежо говедско месо, ориз и млеко со пресметан данок на додадена вредност што е спротивно на одлуката на Владата и на измените во  Законот за данок на додадена вредност.

– Без селекција и преку надворешните контроли кои ги извршуваат инспекторите на УЈП, кај сите даночни обврзници се проверува целокупното работење за одредениот период, односно, се контролира правилното искажување на приходите и трошоците од работењето кај даночните обврзници, кои покажале отстапки по однос на примената на даночната стапка, односно со намалување на ДДВ од 5 на 0 проценти. Инспекторите постапуваат по пријави на граѓани и извршуваат увид и контрола секаде каде што веќе имаше укажување и сомневање дека постојат индиции за непочитување на законите при работењето, истканува УЈП.

Управата најавува дека ќе продолжи со континуирани контроли на терен со цел заштита на стандардот на граѓаните.

– Целта на контролите не е да се казнува, туку да се укаже на сите даночни обврзници дека законот мора да се почитува. УЈП и инспекторите не познаваат ниту политичка, ниту верска, ниту пак национална различност. Контролите се вршат исклучиво и само во насока на почитување на законите и за заштита на стандардот на граѓаните. Управата за јавни приходи, преку инструментите и надлежностите кои ги има ќе продолжи да ги пресретнува  можните злоупотреби од страна на даночните обврзници и да  спречи евентуално нанесување на штета врз граѓаните или буџетот на Република Северна Македонија, нагласува УЈП.

Тагови
реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Македонија

Граната од Првата светка војна најдена најдена во близина на кампот за мигранти во Гевгелија

Read more

Апасиев од Штип: Единствен бранител против Бугарите во Устав ќе биде Левица

Read more

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, но СДСМ е подготвена за секаков резултат

Read more

Сончево и топло, температурата до 28 степени

Read more
 

Вести

Велигденски концерт на НУ Охридско лето со женскиот хор Менада

Читај повеќе

Граната од Првата светка војна најдена најдена во близина на кампот за мигранти во Гевгелија

Читај повеќе
  • filter

Русите жестоко напредуваат, Украинците бесни: Ова е вистинската ситуација на бојното поле, нѐ лажат

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна експлозија во воена база во Камбоџа, загинаа 20 војници

Читај повеќе
  • filter

Апасиев од Штип: Единствен бранител против Бугарите во Устав ќе биде Левица

Читај повеќе

Милано на чекор да воведе забрана за продажба на храна и пијалаци после полноќ оти туристите ги вознемирувале жителите

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Грција

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, но СДСМ е подготвена за секаков резултат

Читај повеќе

Сончево и топло, температурата до 28 степени

Читај повеќе