Поради пандемијата на COVID-19 во Киев, Украина над 500 новородени бебиња останаа без родители. Станува збор за бебиња добиени од сурогат-мајка.
Станува збор за бебиња родени на клиниката BioTexCom во Киев. Нивните родители не можат да дојдат по нив поради ситуацијата со коронавирусот и затворените граници.
Клиниката BioTexCom е центар за репродукција, но затворените граници доведоа до тоа родителите да не можат да дојдат по децата, што предизвикува загриженост поради човечка катастрофа и непогодна ситуација за секое дете. Во Европа, Украина е водечка земја за сурогат мајчинство.
Повеќе од 500 бебиња чекаат нивните родители да ги згрижат.