Унгарија е подготвена да го плати рускиот гас во рубли

Унгарија е подготвена да го плати рускиот гас во рубли без да ги прекрши санкциите на Европската Унија против Русија, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

„Што се однесува до плаќањето на гасот во рубли, имаме решение кое гарантира дека нема да прекршиме никакви санкции, а во исто време обезбедуваме стабилно снабдување со гас за Унгарија“, изјави Сијарто.

Шефот на унгарската дипломатија објасни дека според шемата, филијалата на унгарската МВМ енергетска групација CEE Energy, следната сметка ќе ја плати во евра, која Газпромбанк ќе ја претвори во рубли и потоа ќе ја префрли на сметката на руски Газпром експорт.

Сијарто изјави дека опцијата за плаќање сметки во друга валута, наместо во евра, е вклучена во билатералниот договор меѓу CEE Energy и Газпром експорт, кој беше склучен во септември 2021 година, а кој сега ќе биде модифициран за да ги одрази планираните промени.

Тој не навлезе во детали, па не е јасно дали падот на руската валута на некој начин ќе влијае на новите услови за плаќање.

Сијарто потсети дека Унгарија, која се потпира на Русија во снабдувањето со најголем дел од нафтата и гасот, беше против заземање заеднички став на ЕУ за прашањето за плаќање на руската енергија во рубли, бидејќи Будимпешта тоа го смета за билатерално прашање.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Бизнис

Европските инвеститори претпазливи, индексите благо паѓаат

Read more

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Read more

Ворен Бафет конечно откри во што инвестирал милијарди долари

Read more

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе