Условни казни за директорите Бесими и Етеми за пожарот во тетовската болница, докторот ослободен

Ексдиректорот на болницата во Тетово, Флорин Бесими, и поранешниот економски директор на болницата, Артан Етеми, се прогласени за виновни за пожарот во тетовската модуларна болница. Докторот Бобан Вучевски е ослободен од вина. Според судијата Јордан Велковски, тие предизвикале опасност за животот на пациентите и нивните роднини кои биле во болницата во критичниот момент. Смртта на сите лица што загинаа се од изгореници.

Директорите Бесими и Етеми се осудени на казна затвор по 1 година и 6 месеци. Со ублажување на казната им се изрекува условна осуда.

„Утврдената казна нема да се изврши ако во рок од три години не сторат ново кривично дело“, рече судијата.

Милион денари треба да плати тетовската болница. Докторот Вучевски е ослободен од обвинение.

„Обвинетите не поставиле пропишани уреди за заштита од пожар и со тоа предизвикале опасност за животот и телото за луѓето и пациентите болни од COVID-19. Тие не постапиле според мерките и активностите од договорот за заем со Светската банка. Иако биле должни да имаат противпожарна опрема, на денот на пуштање во употреба на модуларната болница, па сѐ до настанување на пожарот, немале соодветни уреди за заштита од пожар“, рече судијата во дел од образложението на пресудата.

Ексдиректорите на тетовската болница, Флорин Бесими и Артан Етеми, не се гонеа поради причината за пожарот во тетовската модуларна болница, туку затоа што не ставиле пропишани уреди за гаснење пожар. На доктор Бобан Вучевски му се суди бидејќи дозволил влез на роднини во болничките соби, иако тоа било забрането. Ова е суштината на обвинетието за пожарот по кое им се суди на директорите и на докторите, чие судење двапати се одлага. Првиот пат поради отсуство на обвинетите, а вториот бидејќи обвинетите дојдоа без адвокат.

Пожарот се гаснел со ќебе и вода. За животот на пациентите се бореле двајца доктори, три медицински сестри и болничарка. Сите барале противпожарни апарати, но не успеале да ги најдат.

„Но, сите тие во обидот да го изгаснат огнот не успеале по што се развиле пожарни дејства и пожарот за краток период се проширил во целиот објект, па како резултат на настанатиот пожар пациентите болни од COVID-19 и членовите на нивните семејства, погоре наведени, како придружни лица, починале“, се додава во обвинението. За докторот Вучевски има само еден пасус во кој се бара одговорност од него. Но, не за пожарот, ниту за причините ниту за последиците од немањето противпожарни апарати.
„Обвинетиот Б.В. (Бобан Вучевски) како одговорно лице за време на епидемија не постапил според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за нејзино сузбивање и спречување и не постапил во согласност со наредбата донесена од страна на медицинскиот директор при ЈЗУ Клиничка болница во Тетово за забрана на посета на неовластени лица во болничките простории поради појава на сезонски грип и глобалните случувања поврзани со COVID-19 и дозволил влез на неовластени лица – членови на семејствата на болните од COVID-19, како придружници во модуларната болница“, стои во обвинението.

Директорите се гонеа за две кривични дела, и тоа за тешки дела против општата сигурност и непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, а докторот само за непостапување според здравствените прописи во време на епидемија.

Застапник на обвинението е тетовскиот обвинител Бесир Алиу.

Remote video URL
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе