УСС УКИМ ќе бара конфискуваниот штаб на ВМРО ДПМНЕ да биде пренаменет во студентски дом

Судот во предметот „Талир 2” вчера го прогласи за виновен поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и го осуди на казна затвор од шест години за кривичното дело злоупотреба на службена должност. Воедно, судот го прифати и предлогот на обвинителство и го конфискуваше седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и повеќе партиски штабови низ државата.

Универзитетското студенстко собрание на УКИМ преку својот Facebook профил соопшти дека ќе бара конфискуваниот штаб на ВМРО ДПМНЕ да биде пренаменет во студентски дом.

„На студентите им припаѓа луксузот во кој политичарите до сега незаслужено уживаа! Ова е шансата сите заложби дека на младите е иднината и дека државата се грижи за нас да се докажат како реалност! Ова е шанса да се исправи погрешното трошење на парите. Не ни требаат вашите кристални лустери и позлатени слики, ни требаат тоалети со врата која се затвора, тавани без мувла и ѕидови со изолација!

Оваа идеја одамна ја дискутиравме во нашите кругови и чекавме конечно да се донесе судската одлука. Ова е шанса ние да создадеме нешто, ќе бараме и поддршка за реуредување на просторот по наш вкус, по идеја на студентите.

Нѐ радува што гледаме дека и други ја споделуваат истата идеја и се надеваме дека ќе ја земеме шансата да се обединиме како млади, и да го земеме она што ни припаѓа!“, велат од УСС УКИМ.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Македонија

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Read more
 

Вести

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе