Усвоени измените со кои трговците во туристичките места ќе можат да работат во недела и на празници

Собранието денеска ги усвои измените и дополнувањата на Законот за трговија, со што се овозможува работа во недела и државни празници на сите трговци на мало и на големо во туристичките места, утврдени со Законот за туристичка дејност, објави на својот Facebook профил министерот за економија, Крешник Бектеши.

Според министерот, со измените и дополнувањата на Законот за трговија се очекува дополнително да се поттикне економската активност во земјата, посебно во туристичките места.

– Имајќи ги предвид податоците кои што ги имаме од Државниот завод за статистика за раст на бројот на туристи од почетокот на годината, а и очекувањата согласно веќе направени резервации за странски туристи кои што оваа туристичка сезона ќе ја посетат Северна Македонија, посебно Охрид и Струга, согласно законските измени очекуваме зголемување на туристичката активност во целата земја. Измените на Законот за трговија се донесени со заеднички дијалог во инклузивен процес со сите засегнати страни, посебно во туристичкиот сектор. Работниците во трговските објекти кои ќе работат во недела и празници ќе добијат дневница поголема за 100%, стои во објавата на министерот.

Согласно најновите измени на Законот за трговија им се дава можност на продавниците, киосците и штандовите во туристичките места утврдени со Законот за туристичка дејност, да работат во ден недела и на празници. Воедно, истите денови им се дава да работат и на слободните царински продавници лоцирани на меѓународните аеродроми после царинските контролни точки, и на цветните пазари.

Овие законски измени стапуваат на сила веднаш откако ќе бидат објавени во Службен весник.

реклама

Свет

Во Обединетото Кралство одобрена првата бивалентна вакцина против коронавирус

Read more

Германија воведува данок на гас за потрошувачите

Read more

Иран категорично негира поврзаност со нападот врз Салман Ружди

Read more

Путин му испрати писмо на Ким Џонг Ун

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Ѓоргиев: Идентитетите во средниот век и сегашните национални идентитети апсолутно не треба да се поврзат

Читај повеќе

Во Обединетото Кралство одобрена првата бивалентна вакцина против коронавирус

Читај повеќе

На Богородица се чека 30 минути, на Табановце до 1 час

Читај повеќе

Германија воведува данок на гас за потрошувачите

Читај повеќе

Пронајдена граната во Вардар кај Велес

Читај повеќе

H&M го сака Скопје: Нов мурал кој истовремено го прочистува воздухот ќе биде откриен во центарот на градот

Читај повеќе

Нема македонски универзитет во првите илјада на Шангајската листа за 2022

Читај повеќе

Нови 889 случаи со COVID-19, 7 починати и 1.228 оздравени

Читај повеќе

Поскапуваат бензините и дизелот

Читај повеќе