Утре посебен режим на сообраќајот во Скопје, ќе се трча Скопскиот маратон

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека утре поради одржување на спортската манифестација „Скопски маратон 2021“, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на градот Скопје.

– Маратонот ќе започне во 8.00 часот, со следната траса на трчање: старт од платото пред Спортски центар „Борис Трајковски“ по ул. „Бледски договор“, десно по бул. „Илинден“, лево по ул. „Љубљанска“, право по ул. „Московска“, десно по ул. „Војвода Васил Чакаларов“, на крајот на улицата се врти полукружно назад и се продолжува право по ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“, право по ул. „Димитрие Чуповски“, право по ул. „11 Октомври“, лево по бул. „Крушевска Република“, десно по бул. „Трета македонска бригада“, лево по ул. „Фрањо Клуз“, десно по бул. „Јане Сандански“ до крајот пред крстосницата со бул. „Србија“, потоа се врти полукружно назад по истата коловозна лента по бул. „Јане Сандански“, лево по ул. „Фрањо Клуз“, десно по бул. „Трета македонска бригада“, лево по бул. „Крушевска Република“, десно по ул. „11 Октомври“, право по ул. „Димитрие Чуповски“, десно по бул. „Св. Климент Охридски“, лево по бул. „Илинден“ до целта – платото пред Спортски центар „Борис Трајковски“ во Скопје (два круга), се наведува во соопштението од МВР.

Од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземат мерки за посебен режим на сообраќајот по наведените улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.

реклама

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Македонија

Арсовска од новата влада ќе бара прв приоритет да ѝ бидат законски измени за зголемување на платите на пожарникарите

Read more

Системот Безбеден град за видеонадзор на сообраќајниците е поставен во Скопје, Куманово и Тетово

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Не наседнувајте на лажни пораки за парична помош од државата

Read more
 

Вести

  • filter

Арсовска од новата влада ќе бара прв приоритет да ѝ бидат законски измени за зголемување на платите на пожарникарите

Читај повеќе

МакеДокс е во потрага по шестата генерација Докуникулци

Читај повеќе

Уапсен врховен судија поради сомненија за примање поткуп

Читај повеќе

Нови детали за трагедијата во Иран: Технички дефект е причина за падот на хеликоптерот

Читај повеќе

Меѓународниот кривичен суд побара апсење на Нетанјаху и лидерот на Хамас

Читај повеќе

Биткоинот поскапе на 61.710 евра, инвеститорите се претежно оптимисти за понатамошниот раст

Читај повеќе

Системот Безбеден град за видеонадзор на сообраќајниците е поставен во Скопје, Куманово и Тетово

Читај повеќе

Светската цена на златото повторно на рекордно високо ниво

Читај повеќе

Креативна работилница за средношколци за пишување поезија

Читај повеќе