ЗИМСКИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ ПЕКИНГ 2022

ВАДА откри зошто ѝ прогледа низ прсти на Валиева

Руската олимпијка Камила Валиева излезе позитивна на допинг-тестирањето и тоа на лек за ангина и тврдеше дека ненамерно консумирала нешто контаминирано со лекот кој всушност го користел дедо ѝ.

Извршниот одбор на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) ја оправда својата одлука да ѝ дозволи на руската лизгачка камила Валиева да продолжи да се натпреварува велејќи дека нејзиното објаснување за тоа како забранетиот лек за ангина се нашол во нејзиниот систем изгледало мошне веродостојно.

Позитивниот допинг тест на Валиева, кој беше откриен откако таа му помогна на нејзиниот тим да го освои златото, деновиве доминираше во вестите за Олимписките игри во Пекинг. Денис Освалд, член на одборот кој ја предводи Дисциплинската комисија при ИОК, одговори на критиките за одлуката да ѝ се дозволи на 15-годишната девојка да продолжи со своето учество, велејќи дека нејзиниот случај нема никаква врска со наводите за државно организиран допинг, со кој Русија се соочи во 2014 година.

На руските спортисти им е забрането да се натпреваруваат под националното знаме поради тој скандал и се цел на зголемена контрола од страна на спортските власти и медиумите.

Одговарајќи на прашање за време на прес-конференција, Освалд ги потврди претходно објавените причини во руските медиуми, кои велеа дека Валиева и нејзиниот тим тврдат дека несакана контаминација веројатно го предизвикала позитивниот тест. Тие рекоа дека нејзиниот дедо примал терапија со триметазидин поради срцева болест.

Тестираниот примерок кој е центар на допинг контроверзијата бил земен од Валиева уште во декември за време на националното првенство на Русија. Потоа, лабораторија на ВАДА во Стокхолм го тестирала за забранети супстанци, но резултатите ги објави многу подоцна - дури минатата недела откако Валиева и нејзиниот тим освоија златен медал на Игрите. Поради таквиот развој на настаните во Русија се појавија сомнежи дека се манипулирало со тајмингот на објавување на резултатите за да се поткопа успехот на рускиот лизгачки тим во Пекинг.

Валиева беше дек од руската репрезентација која освои злато на 7 февруари по четиридневни натпревари. Таа беше најдобра во краткиот програм и во слободно лизгање за жени, а во тимот беа уште и Марк Кондратјук (краток програм и слободно лизгање за мажи), Анастасија Мишина и Александр Галјамов (парови) и Викторија Синицина и Никита Кацалапов (танцување на мраз).

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Останати спортови

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Read more

Поранешниот голман на Челси тешко нокаутиран во KSW

Read more

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Read more

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Read more
 

Спорт

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе