Вака ќе изгледа BMW i4 – моделот од кој се очекува многу

BMW има големи очекувања за моделот i4, а сега се објавени и рендери кои го откриваат неговиот изглед.

Од BMW се надеваат дека i4 ќе биде потполно електричен модел, но и седан. Моделот i4 ќе биде ривал на Tesla Model 3, а според некои перформанси ќе биде ривал и на автомобилот Model S.

Пристигнувањето на моделот i4 повеќе не е тајна, а од BMW и претходно објавија фотографии од прототипот во напредната фаза на тестирање, како и од предпродукцискиот примерок во фабриката.

Carbuzz го фотографираше автомобилот во текот на тестирањето, а на Instagram се појавија рендери кои го откриваат изгледот на овој модел.

BMW i4 ќе биде електрична верзија на претстојната Серија 4 Gran Coupe. Моделот i4 ќе има нов дизајн на предната маска кој не им се допаѓа на многумина обожаватели на BMW.

Се очекуваат најмалку три верзии, од кои едната ќе биде xDrive со погон на сите четири тркала.

Се очекува дека може да помине околу 600 км со едно полнење на батеријата, а во понудата ќе бидат моделите со ознаките i435, i440, i4 M50 xDrive.

BMW не го објави датумот кога ќе биде претставен моделот i4, но најверојатно ќе биде претставен оваа пролет.

Тагови
реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Авто новости

Франција сака четирикратно да ја зголеми продажбата на електрични автомобили

Read more

Plug-in хибридите загадуваат речиси исто како и обичните автомобили - кој е одговорен за тоа?

Read more

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Read more

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Read more
 

Автомобили

Франција сака четирикратно да ја зголеми продажбата на електрични автомобили

Читај повеќе

Plug-in хибридите загадуваат речиси исто како и обичните автомобили - кој е одговорен за тоа?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Читај повеќе

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Читај повеќе
  • filter

Италијанците го претставија концептот Quintessenza: GT што се претвора во пикап

Читај повеќе
  • play_arrow

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Читај повеќе

Колку е навистина реално автоматското возење?

Читај повеќе
  • filter

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Читај повеќе

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе