Ваков дрзок пенал не се гледа секој ден

Пеналите се посебна уметност, но некои потези се понезаборавни од другите.

Овој пенал, најверојатно најбрзо изведениот во историјата на фудбалот, се случи во релативно непозната лига во светски рамки, но го доби вниманието на британски Guardian.

Спортското издание на весникот на својот Twitter профил објави видео од пеналот изведен од Томислав Мркоњиќ од Кроација Змијавци во ремито против Цибалија (1:1).

Гостите водеа со голот на Рене Шариќ сѐ до судиското надополнување, но потоа се случи контроверзен инцидент. Досуден беше пенал за домаќинот, а Томислав Балтиќ од Цибалија заработи црвен картон.

Томислав Мркоњиќ ја зеде топката, ја постави на белата точка и потоа долго време ги местеше чорапите. Кога судијата конечно даде сигнал за изведување на пеналот, Мркоњиќ одглуми залет и од место ја смести топката во голот. Ова ги изненади сите, вклучително и голманот Карло Слукиќ, кој не успеа ниту да се помрдне.

По натпреварот, Цибалија поднесе жалба на судењето, а Кроација решија да реагираат на обвинувањата за судиска помош со објавување пост на Facebook во кој ги наведоа сите грешки на нивна штета.

Guardian Sport објави видео од пеналот со опис „Дрзок пенал од еден чекор обезбеди реми во последните моменти од натпревар во хрватскиот фудбал“.

URL
Тагови
реклама

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Read more

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Нови пресметки од ДИК: ВМРО-ДПМНЕ има еден мандат помалку, ЗНАМ еден повеќе

Read more

Фудбал

Во Милан го бркаат, Наполи го сака: Пиоли ќе го воскреснува гигантот од југот?

Read more

На терен е ужас, но: Манчестер Јунајтед е највредниот клуб во светот

Read more

Што значеше пораката под дресот на Родриго?

Read more

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Read more
 

Спорт

Во Милан го бркаат, Наполи го сака: Пиоли ќе го воскреснува гигантот од југот?

Читај повеќе

На терен е ужас, но: Манчестер Јунајтед е највредниот клуб во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Јокиќ реагираше кога Шекил му рече дека не требало да биде МВП?

Читај повеќе

Што значеше пораката под дресот на Родриго?

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ трет пат во кариерата е МВП во НБА

Читај повеќе

Ракометарите убедливо поразени од Фарските Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Читај повеќе

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Читај повеќе

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе