Валенса: ЕУ да се распушти и да создаде нова унија без Полска и Унгарија

Варшава, 4 јуни 2022 (МИА) – Добитникот на Нобелова награда за мир и поранешен претседател на Полска, Лех Валенса во интервју за порталот „Интериа“ изјави дека Европска Унија мора да се распушти и да се создаде нова унија, чија основа ќе бидат Франција и Германија, но без Полска и Унгарија.

– Наместо компромиси со Полска, ЕУ мора да се распадне и за неколку минути да создаде нова заедница базирана на Германија и Франција, но без Полска и Унгарија, истакна Валенса.

Тој изрази жалење оти не биле земени предвид неговите ставови за ова прашање.

– И ова е едноставна идеја: ако сакаме да влеземе во нов синдикат, тогаш на влезот, покрај правата, ќе треба да прифатиме и обврски. И ставете ги така да не се повторат триковите што се случуваат денес, наведе Валенса.

Според него, одобрувањето од Европската комисија на националниот план за обнова на Полска би било грешка.

– На крај, овие пари ќе бидат залудно потрошени и украдени. Без владеење на правото, нема смисла да се донираат милијарди евра за ништо, посочи Валенса.

ЕУ обезбеди средства за земјите-членки за обнова по пандемијата со Ковид-19. Планот за Полска беше блокиран поради судските реформи, со кои Владата имаше намера да се меша во работата на судството со формирање на дисциплински совет на Врховниот суд и мешање во изборот на судии. Во октомври 2021 година, судот на ЕУ ја казни Варшава со еден милион евра дневно додека не ја укина комората и не се откаже од реформите во судството.

Полска се согласи да ја укине Дисциплинската комора, а на 1 јуни Европската комисија одобри план од 35,4 милијарди евра за економско закрепнување на Полска по пандемијата. Распределбата на парите се очекува да започне за еден месец.

Полската опозиција оценува дека актуелните власти во Полска продолжуваат да го кршат владеењето на правото и не треба да добиваат европски пари.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Свет

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Read more

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе