Ван Бастен: Серија А е слаба, Де Лихт не се подобрува

Марко ван Бастен е незадоволен што неговиот сонародник потпиша за Јувентус бидејќи смета дека не може да се подобри поради слабиот квалитет на лигата.

Поранешната легенда на Милан и на холандската репрезентација упати низа критики кон Матајс де Лихт и Серија А, незадоволен поради тоа што младиот талент не се развива онака како што се очекуваше.

Користејќи го отсуството на Џорџо Кјелини кој се мачи со повреди сезонава, Де Лихт добиваше сѐ поголема минутажа во одбраната на Јувентус. Со добри игри се избори за место во почетните единаесет, јавноста во Италија е задоволна од него, но легенадрниот Марко ван Бастен е незадоволен.

„Не верувам дека се подобри ни малку од кога беше во Ајакс минатата сезона. Немаше среќа што не играше заедно со Кјелини, кој е вистински дефанзивец. Бонучи си тера по свое, не ја организира одбраната и не му кажува на Матајс што да прави. Кјелини, пак, работи и за другите“, вели Ван Бастен во интервју за Ziggo Sport.

По фантастичната сезона со Ајакс кога стигна до полуфиналето од Лигата на шампиони, Де Лихт минатото лето се пресели во Јуве за трансфер вреден 85,5 милиони евра. Во август ќе полни 21 година, а според Ван Бастен наместо да напредува, тој стагнира во својот развој во дефанзивната игра.

„Сигурен сум дека Де Лихт ќе научеше далеку повеќе во Реал Мадрид, Барселона или Манчестер Сити. Покеај тоа, ќе играше и во првенство кое е многу поинтересно бидејќи Серија А е на пониско ниво од лигите каде што играат клубовите кои ги напоменав“.

Како и да е, Де Лихт во својата прва сезона во Торино го освои Скудетото.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Фудбал

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе