КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Ван Гал до новинар на прес: Немаш појма од фудбал

По трет пат во кариерата Луи ван Гал (69) ја предводи холандската репрезентација.

Ван Гал ја презеде Холандија откако Франк де Бур доби отказ поради испаѓањето во осминафиналето на Европското првенство.

Легендарниот Ван Гал започна со реми против Норвешка (1:1) и домашна победа над Црна Гора (4:0) во квалификациите за Мундијалот 2022 во Катар.

После вториот натпревар ги доби и првите критики. Имено, јавноста и медиумите негодуваат поради неговиот дефанзивен фудбал, нетипичен за репрезентацијата во портокалови дресови.

Ван Гал до новинар: Појма немаш

Новинар на ESPN се појави на прес-конференцијата на Ван Гал по натпреварот со Црна Гора и му предложи Холандија да игра дефанзивно согласно формацијата која ја користи, а која за новинарот е дефанзивна.

„Сакате да играте 5-3-2, како Челси? Тоа е дефанзивен фудбал“, рече новинарот.

Ван Хал остро му реплицираше.

„Немаш појма од фудбал. Ти си новинар кој сака да ја сподели својата визија, но ја немаш. Со 5-3-2 може многу добро да се напаѓа. Капа долу за Тухел бидејќи успева да го покаже тоа“, врати селекторот.

URL
Се врати од пензија

Ван Гал ги предводеше популарните „Оранје“ од 2000 до 2002 година и од 2012 до 2014 година. Под негово водство, Холанѓаните го освоија третото место на Светското првенство во Бразил во 2014 година, но првиот пат не успеаја да се пласираат на Мундијалот во 2002.

Познатиот холандски стручњак, исто така ги водеше Ајакс, Барселона, АЗ, Баерн и Манчестер Јунајтед во текот на кариерата, а во 2017 година објави дека се пензионира од „семејни причини“. Две години подоцна, официјално објави крај на тренерската кариера, но сега се врати да ѝ помогне на татковината.

Холандија пропушти да се квалификува на ЕУРО 2016 и Мунадијалот 2018.

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Фудбал

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе