Трофејниот тренер Луи ван Хал тврди дека минатогодишниот резултат на Мундијалот во Катар бил осмислен да му помогне на Лионел Меси конечно да го освои трофејот.
Меси стигна до својата прва и ја предводеше Аргентина до третата титула на Светското првенство во декември 2022 година.
Напаѓачот постигна два гола во финалето за да ѝ помогне на јужноамериканската нација да ја победи Франција со 4:2 на пенали на стадионот „Лусаил“.
36-годишникот исто така ѝ помогна на Аргентина да ја победи Холандија, чии селектор беше токму Ван Хал, во четвртфиналето, постигнувајќи гол пред да ја одведе својата земја до победа од 4:3 на пенали.
Ван Хал, кој поднесе оставка од селекторската функција по испаѓањето на Холандија од Светското првенство, вели:
„Не сакам да зборувам многу за тоа. Кога ќе видите како Аргентина ги постигна своите голови и како ние ги постигнавме нашите голови и како некои играчи на Аргентина ја минаа линијата и не беа казнети, тогаш мислам дека сето тоа беше однапред смислена игра“, рече Ван Хал.
Новинарот побара од него да појасни што точно мисли.
„Го мислам она што го кажувам“, додаде Холанѓанецот.
Новинарот уште еднаш праша дали целта била Меси да стане светски првак.
„Мислам дека да. Да“, заклучи Ван Хал.