Вардар се враќа на Градски

Филип Здравески
/ 30.06.2023 / 15:33

Фудбалскиот клуб Вардар најави дека од денеска се враќа на Националната арена „Тодор Проески“.

Фото: ФК Вардар Скопје

Со првата прозивка и тренинг денеска од 18 часот Вардар се враќа во својот дом, Националната арена „Тодор Проески“, или популарниот „Градски“.

„По долго време се враќаме во нашиот дом, и повторно како некогаш го враќаме сјајот на најголемиот и најсаканиот македонски фудбалски бренд. Вардар е клуб на народот, така било, така ќе биде секогаш, но овојпат тоа ќе биде и формално. Отворен клуб кој ќе функционира транспарентно, и ќе биде достапен за сите свои навивачи, јавноста и, се разбира, народот“, велат од клубот.

Вардар ги почнува подготовките за новата сезона, во која ќе игра во најдобрата македонска фудбалска лига, каде се врати по двегодишно патешествие во втората лига. Враќањето не беше лесно, а го избори дури по играњето бараж натпревар.

Најтрофејниот и најпознатиот македонски клуб не играше на Арената поради финансиските проблеми и скапата цена за изнајмување на најголемиот македонски стадион. Најчесто како домаќин играше на стадионот „Борис Трајковски“ во населбата Маџари.

Од клубот засега не откриваат како се надминале препреките за играње на „Градски“.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Фудбал

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Read more

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Read more
 

Спорт

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе