Вархеји: Северна Македонија мора да успее во јуни

Работиме на тоа Северна Македонија да успее во јуни и мораме да успееме. Тука сме за да ја завршиме работата, тука сме за да успееме. Северна Македонија мора да успее и сите ние мора да работиме на тоа, порача еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји.

Во вечерашното гостување на ТВ Сител, Вархеји најави дека веднаш по Самитот на Отворен Балкан во Охрид, заминува за Софија. Тој потенцира и дека сите сакаат резултат кој е прифатлив за двете земји.

– Не сум по обложувањето, туку сум по работењето. Сѐ додека постои најмала шанса, ќе продолжам да работам. Од тука заминувам веднаш во Софија и ќе продолжам да работам за решение во јуни, рече еврокомесарот на прашањето какви се шансите на Северна Македонија со оглед дека останаа уште две недели до Самитот на ЕУ.

Тој е дециден дека ќе продолжи да ја посетува Софија сѐ додека не се најде решение.

– Не ја посетував Софија зашто имав решение, па затоа и ќе продолжам да ја посетувам, сѐ додека не најдеме решение. Пораките кои ги добив таму не беа ништо ново, да бидам искрен. Се вртиме околу истите теми, но се трудиме да најдеме различни опции како да ги одблокираме работите. Во оваа фаза е прерано да се каже, но се надевам дека со уште работа ќе стигнеме до целта, подвлече Вархеји.

На прашањето што ако земјава ја пропушти оваа шанса да ги почне преговорите и дали ќе добие место во некоја нова политичка организација како што најави Макрон, Вархеји повтори дека Северна Македонија мора да успее.

– Ако почнам сега да зборувам што ќе се случи ако не успееме, ќе станам најлош адвокат на мојата сопствена работа. Нема да го направам тоа. Тука сме за да ја завршиме работата, тука сме за да успееме. Северна Македонија мора да успее и сите ние мора да работиме на тоа. Овој политички чадор, како што јас го нарекувам, е дополнителен елемент и имавме доста јасно објаснување од оние што го предложија тоа. Станува збор за комплементарен елемент кој ќе креира многу повеќе дијалог во регионот на едно повисоко политичко ниво. Ова ќе го доближи регионот кон Европа, но секако ќе треба да проодлжиме со процесот на проширување и затоа може да донесе опипливи бенефиции за регионот, истакна еврокомесарот.

Во врска со вчерашната потврда на Макрон дека постои можност за нов договор меѓу Северна Македонија и Бугарија, Вархеји рече дека работи многу блиску со француското претседателство, но во оваа фаза би било прерано да се каже.

– Нема да оставиме непревртен ниту еден камен за да го завршиме ова. Француското претседателство е исклучително посветено. Макрон е лично ангажиран во сето ова. мислам дека сите сакаат резултат, резултат кој е прифатлив за двете земји и со кој би можеле да продолжиме понатаму и конечно да ја одржиме првата меѓувладина конференција и да продолжиме со пристапниот процес на Северна Македонија, рече Вархеји.

Прашан дали може Северна Македонија и Албанија да бидат одвоени на европскиот пат и што ако тоа се случи, еврокомесарот повтори дека се работи на тоа Северна Македонија да успее во јуни.

– Мораме да успееме, порача уште еднаш Вархеји.

Remote video URL
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Македонија

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Read more

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Read more

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Read more

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Read more
 

Вести

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Читај повеќе

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Читај повеќе

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Читај повеќе

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Читај повеќе

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Читај повеќе

Силјановска со поглаварите и претставниците на верските заедници: Изразена подготвеност за соработка

Читај повеќе

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе