Годинава со две маски

Василичарите во Вевчани ја продолжија традицијата, продефилираа и покрај полицијата

„Бугарски фашистички окупатор", руска вакцина Спутник, служба за дезинфекција, легална продажба на марихуана, пирати, специјалци, се дел од василичарските маски кои продефилираа низ вевчанските улици.

Ова карневалско издание се разликува од претходните поради мерките за заштита од коронавирусот.

Под силно полициско обезбедување и со по две маски, една за заштита од COVID-19, а другата василичарска, ниту во услови на светска пандемија, вевчанци не се откажaa од скоро 15 вековната традиција за одржување на Вевчанскиот карневал.

Василичарите кои тргнаа од почетокот на селото, според планираното, продефилираа до центарот на Вевчани, каде изостана традиционалното оро, но во еден момент имаше судир со полицијата, која сакаше да спречи соединување на неколку помали групи во една поголема.

Двете василичарски друштва, Горна и Долна маала се оградија од организацијата, а Општината пред речиси еден месец го откажа културно-забавниот дел.

„Никој не може да ги спречи, поединечни маски сигурно ќе има. Не верувам дека ќе дојде до инцидент да се наруши јавниот ред и мир. Немаме никакви ингеренции во делот на организација на карневалот, изјави градоначалникот Сашо Јанкоски.

URL

Преку маски, самостојни или групни на сатиричен начин вевчанци ги прикажуваат настаните што ја одбележаа годината што измина, но и упатија пораки до институциите за одредени прашања. Велат дека низ вековите се соочиле и со други пандемии како колера и лепра, но тоа не било причина да се прекине традицијата.

„И оваа година како и секоја продолжуваме. Ковид ни наложи да сме малку поизменети, но остануваме исти. Годинава василичарите прв пат носат по две маски, една василичарска и една заштитна од коронавирусот. Ќе ги запазиме протоколите. Сè ќе помине во најдобар ред. Ниту во колера и лепра не се откажал карневалот. Бил страшен и комунизмот и фашизмот, но василичарите излегле. И денеска покрај сите притисоци Василичарите излегуваат, истакна еден василичар.

Угостителските објекти се исполнети до последното место.

„Ги почитуваме мерките, се одржува дистанца, средства за хигиена има доволно. Не е тешко да се одржува редот. Вевчанци се дисциплинирани, кога ќе им се каже нешто се почитува“, вели Наташа Мурџеска, угостител од Вевчани.

Карневалот е нешто свето за вевчанци, тие секоја година во голем број излегуваат маскирани и според обичаите по дефилето низ улиците продолжуваат во домовите од каде го „бркаат лошото". Традиционално дел од манифестацијата се зетот и невестата, музичарите, глупавите августи и ѓаволите.

Карневалот е вековна традиција во Вевчани, а вевчанци цела година живеат со идеите како ќе се маскираат. Вевчанци ќе кажат сè, но до карневалското дефиле маските ги чуваат во тајност. Традиционално карневалот почнуваше со дефиле под маски напладне на 13 јануари, а следниот ден маските се палат во центарот на Вевчани, со што завршува манифестацијата.

реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Македонија

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

Read more

Каракамишева: Во свечената изјава стои Македонија, а не Северна

Read more

Нови цени на горивата од полноќ

Read more

Силјановска ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, велат од нејзиниот кабинет

Read more
 

Вести

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

Читај повеќе

Книжевна средба со авторките Калиа Димитрова и Ивана Јовановска во „Илика“

Читај повеќе

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Читај повеќе

Битолчанец фатен со стари монети, дел од културно наследство

Читај повеќе

Со четирицикл излетале во провалија на Шар Планина

Читај повеќе

На сила го внеле во возило и му украле накит и 2.500 евра

Читај повеќе

Каракамишева: Во свечената изјава стои Македонија, а не Северна

Читај повеќе

Трамп: Бајден е опколен со фашисти во Овалната соба

Читај повеќе

Нови цени на горивата од полноќ

Читај повеќе