Веб има револуционерна идеја: Од пензионираните играчи ќе прави судии

Хауард Веб по пет години минати во САД се врати во англискиот фудбал, а на својата нова работна позиција повика на промена во начинот на одбирање на судиите.

Долги години Хауард Веб беше еден од најпознатите англиски судии, а од неодамна е главно лице на судиите во Премиер лигата.

Врвот на својата кариера го достигна во 2010 година кога го судеше финалето од Мундијалот во Јужна Африка помеѓу Шпанија и Холандија. На својата нова позиција во англиската судиска организација вети дека ќе воведе нови промени така што ќе инсистира во проектот да се направи шареноликост, како на пример повеќе жени.

Меѓутоа, клучната промена која Веб се обидува да ја протурка е во судискиот занает да се вклучат поранешни фудбалери на кои сака да им покаже дека тоа е добар пат за продолжување на професионалната кариера во фудбалот.

„Мораме да ги разгледаме сите аспекти од развојот на судиската работа, вклучително и поттикнување поранешни играчи да станат судии. Верувам дека тоа е извор на таленти кој е недоволно искористен“, вели Веб.

„Не очекувам дека тоа би можеле да бидат играчи кои се натпреварувале на највисоко ниво, тие секогаш ќе имаат атрактивни понуди за продолжување на кариерата. Меѓутоа, гледајќи ги ниските лиги, од аматерскиот фудбал па до второлигашите и третолигашите, сигурен сум дека таму постојат поранешни играчи кои би биле спремни да земат нов предизвик во кариерата“.

Инаку, она што Веб особено сака да го промени е времето кое е потребно за некој да стане судија во Премиер лигата. Нему му требале повеќе од 13 години за да се пробие до најдобрата англиска лига.

„И натаму ви е потребно искуство во ниските лиги за да дојдете до највисокото ниво, но ако сте поранешен фудаблер тогаш веќе имате нешто што обичните судии го немаат“, заклучува Веб.

Сега 51-годишниот Веб кариерата ја почна во 1989 година судејќи во општинските лиги. Во 1993 година беше помошен судија во десеттата англиска лига, каде после две години стана главен судија. Во 1998 година дојде до Премиер лигата, но како помошник. Конечно, како главен судија во Премиер лигата дебитираше на 18 октомври 2003 на натпреварот меѓу Фулам и Вулверхемптон, кој заврши без голови. Од 2005 сѐ до пензионирањето во 2014 беше и на листата на ФИФА.

Освен мундијалското финале во 2010 ги судеше и финалиња на Лигата на шампионите во 2010, ФА куп во 2009, Лига куп во 2007 и Комјунити шилд во 2005. Судеше на ЕУРО 2008 и 2012, на Мундијалите 2010 и 2014 и на Купот на конфедерации во 2009 и 2013.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Фудбал

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Read more

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Read more

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Read more

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Read more
 

Спорт

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Читај повеќе

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Читај повеќе
  • play_arrow

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Читај повеќе

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Читај повеќе

Николов и Начевски ќе го судат финалето во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Читај повеќе

Жирона може да се радува: City Group се повлекува за клубот да игра ЛШ

Читај повеќе

Дали Англичаните ќе донесат историска одлука за укинување на ВАР?

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ: Јас сум чудо на природата!

Читај повеќе