Вечерва се доделува Златната топка: Кој ќе ја освои?

Вечерва во Париз ќе се одржи доделувањето на Златната топка на France Football, а се очекува неизвесна борба помеѓу Меси и Левандовски.

Вечерва од 20:30 часот фудбалскиот свет вниманието ќе го насочи кон оперската куќа „Театр ду Шатле“ каде популарниот француски магазин по едногодишна пауза поради пандемијата повторно ќе ја додели престижната награда Златна топка.

Програмата ќе ја отвори Брежанецот Дидје Дрогба, а покрај наградата за најдобар фудбалер ќе бидат поделени и Златна топка за најдобра фудбалерка, пехарот Копа за најдобар млад фудбалер и пехарот Јашин за најдобар голман.

Правда за Левандовски

Минатата година France Football одлучи да не додели награди поради пандемијата со коронавирусот која направи хаос во фудбалскиот календар, а некои првенства дури и беа официјално прекинати и никогаш не беа доиграни. Главен фаворит лани беше полскиот голгетер Роберт Левандовски, кој имаше огромна поддршка од јавноста да ја добие Златната топка. Полјакот и годинава газеше како во Баерн, така и во репрезентацијата на Полска, па сега повторно е главен фаворит и за многумина денеска едноставно мора да ја добие наградата не само затоа што ја заслужува, туку и за ланската неправда да биде исправена.

Меси пак фаворит

Ако некој може да му ги замрси сметките на Левандовски - тоа е Лионел Меси. Годинава ја предводеше Аргентина до својата прва титула шампион на Јужна Америка после голем пост. Она што фрла сенка на шансите на Меси е неговата клупска форма, особено по доаѓањето во ПСЖ. Но, Меси е Меси, па не би било чудно по рекорден седми пат да ја освои оваа награда.

Салах, Жоржињо, Бензема

Тројцата преостанати кандидати се Жоржињо од Челси, Мохамед Салах од Ливерпул и Карим Бензема од Реал Мадрид.

Салах имаше одлична година на индивидуален план, но не и на клупски каде со Ливерпул не освои буквално ништо. Затоа, пак, сезонава на 13 натпревари во Премиер лигата постигна 11 гола и 7 асистенции, а во Лигата на шампионите уште 6 гола. Ланската сезона ја заврши со 22 гола во Премиер лигата.

Жоржињо со својот клуб ја освои Лигата на шампионите, а со Италија победи на ЕУРО 2020. Но, Жоржињо есенва не ја задржа формата, го промаши пеналот против Швајцарија поради кој Италија заглави во бараж за пласман на Мундијалот во Катар, а синоќа направи нов кикс поради кој неговиот тим остана без победа над Манчестер Јунајтед.

Бензема го предводи новиот Реал и не запира со головите, а солиден беше и во репрезентацијата на Франција со која минатиот месец триумфираше во Лигата на нации откако разочараа на ЕУРО. Во Ла Лига сезонава има 11 гола со 7 асистенции, а 5 гола и 1 асистенција има во Лигата на шампиони. Лани постигна вкупно 30 гола во сите натпреварувања.

Дали сте знаеле?

· Алжирец и Египѓанец никогаш не ја освоиле Златната топка.

· Последен пат Французин ја освои оваа награда во 1998 и тоа беше Зинедин Зидан.

· Прв и последен африкански освојувач е Либериецот Жорж Веа во 1995 година.

· Дарко Панчев заврши на делба на 2. место во изборот во 1992 година заедно со Лотар Матеус и Дејан Савичевиќ. Тогаш победи Французинот Жан-Пјер Папен.

· Никогаш полски фудбалер не ја освоил Златната топка. Најблиску биле Збигњев Боњек во 1983 кога завршил трет за Ален Жирес и победникот Паоло Роси, како и Кажимјеж Дејна во 1974 зад Франц Бекенбауер и победникот Јохан Кројф.

· Првата Златна топка е доделена во 1956 година, а ја освоил Англичанецот Стенли Метјус од Блекпул, пред двоецот на Реал Мадрид - Алфредо Ди Стефано и Ремон Копа.

· Од 2010 до 2015 година наградата се викаше ФИФА Златна топка затоа што беше заедничка награда на ФИФА и France Football.

· Пеле и Марадона никогаш не освоиле Златна топка.

· Најмногу награди има Меси - 6, а потоа е Кристијано Роналдо со 5.

· Гледано по држави, Германија, Холандија и Португалија имаат 7 награди Златни топка, по 6 имаат Франција и Аргентина, а по 5 Италија, Бразил и Англија.

· Најтрофеен клуб е Барселона чии играчи 12 пати зеле Златна топка, а само една победа помалку има Реал Мадрид. Следуваат Јувентус и Милан со по 8.

· Единствени Балканци кои ја освоиле наградата се Бугаринот Христо Стоичков во 1994 и Хрватот Лука Модриќ во 2018.

· Единствен пат кога голман ја освоил Златната топка било во 1963 година кога Лев Јашин од тогашната СССР победил пред Џани Ривера и Џими Гривс.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Фудбал

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе