Вердер избори опстанок во Бундеслигата

Тимот од Бремен во двата бараж натпревари одигра нерешено со второлигашот Хајденхајм, но поради правилото за гол на гости излезе како победник од дуелот и избегна испаѓање.

Вердер заврши трет од позади на Бундеслигата и се соочи со два натпревара кои значеа опстанок или испаѓање. За противник го имаше тимот на Хајденхајм кој заврши третопласиран во 2.Бундеслига и имаше за цел првпат да се избори за пласман во најдобрата германска лига.

Откако првиот натпревар во Бремен заврши без голови, синоќешниот реванш беше тотално спротивен. Уште во 3. минута домаќините си го урнаа сонот откако Норман Тојекауф ја затресе сопствената мрежа упатувајќи удар со кој веројатно сакаше да ја расчисти опасноста.

Надеж за Хајденхајм донесе Тим Клајндинст кој на 5 минути до крајот израмни на 1:1. Но, домаќините наместо да постигнат гол за водство, примија гол откако во 4. минута од надополнувањето Лудвиг Аугустинсон донесе опстанок за Вердер. Некоја минута подоцна Клајндинст од белата точка ги постави конечните 2:2, реми кое за неговиот тим не значи ништо освен избегнат пораз.

Со опстанокот Вердер останува клуб со најмногу сезони во Бундеслигата. За тимот од Бремен наредната сезона ќе биде вкупно 57, со што и натаму ќе има една повеќе од Баерн. Вердер само еднаш играл во втората лига, во сезоната 1980/81.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Фудбал

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе