Вештачката интелигенција на 24 часа презеде потполна контрола над кинески сателит

Кинеските државни медиуми јавуваат дека научниците ѝ препуштиле контрола на вештачката интелигенција (ВИ) над сателит во орбитата на Земјата.

Целта на научниците била да видат како ВИ ќе се однесува додека управува со објект во вселената за време од 24 часа без човечка интервенција, а станува збор за сателитот 启明星一号 (или Qimingxing-1, а во превод Венера-1).

Резултатите беа објавени во списанието Geomatics and Information Science на Универзитетот во Вухан. Наводно, вештачката интелигенција избрала неколку локации на Земјата и му наложила на сателитот 启明星一号 „да погледне одблизу“. Сепак, зошто технологијата на вештачка интелигенција се одлучила на такви упатства, научниците не објавија. Еден од избраните региони беше Патна, стар град во Североисточна Индија во близина на реката Ганг, кој е дом на полкот Бихар, огранок на индиската армија што во 2020 година се судри со кинеските сили во долината Галван долж спорната граница.

ВИ, исто така, даде приоритет на Осака, едно од најпрометните јапонски пристаништа што повремено прима бродови на американската морнарица кои работат во Пацификот.

Досега на повеќето сателити им беа потребни специфични цели или задачи за да функционираат, а неочекувани случки како војни или земјотреси би можеле да лансираат мисија или сателитот би можел да се програмира за континуирано набљудување на конкретни цели.

Тимот научници тврди дека, иако ВИ технологијата сѐ повеќе се користи во вселенски мисии, вклучително и препознавање на слики, мапирање на патеки за лет и избегнување судири, таа никогаш порано не добила контрола над сателит, а тоа резултирало со губење на време и ресурси.

Кина во орбитата има над 260 сателити за „далечинско откривање“, но тие често работат „во празно“ во вселената собирајќи „временски чувствителни податоци од ниска вредност“ без некоја одредена цел. Сателитите имаат краток животен век и висока цена, а научниците тврдат дека клучно е максимално да се искористат нивните можности преку орбитални апликации.

Научниците предложија дека доколку открие објекти или активности, сателит под контрола на ВИ технологијата може да предупреди одредени корисници како војската, администрацијата за национална безбедност и други релевантни институции.

Меѓутоа, за ВИ технологијата да би била ефикасна, мора да има темелна свест за светот, односно мора да научи не само да препознава вештачки и природни објекти, туку и да ги разбира замрсените и секогаш променливите односи помеѓу нив и многуте човечки заедници.

„Процесот на носење одлуки кај ВИ технологијата е екстремно сложен. Машината при планирањето на дневната работа треба да земе во обѕир многу фактори, како што се условите во реално време, облаците, аглите на камерите, вредноста и границата на мобилноста на сателитот“, наведуваат кинеските медиуми.

реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Пет деца во тешка состојба откако мајка им ги избањала со средство за чистење на паразити

Read more

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Read more

Вести

Илон Маск: Наскоро, човечката интелигенција ќе зазема само 1%

Read more

За прв пат на трансатлантски лет се користеше 100% одржливо гориво

Read more

Зошто Месечината е видлива во текот на денот? 7 изненадувачки факти

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more
 

Гик

Бактерии мутираа во вселената во нешто досега невидено на Земјата

Читај повеќе
  • play_arrow

Илон Маск: Наскоро, човечката интелигенција ќе зазема само 1%

Читај повеќе

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Читај повеќе

Новата верзија на ChatGPT може да флертува и да ги учи корисниците математика

Читај повеќе

За прв пат на трансатлантски лет се користеше 100% одржливо гориво

Читај повеќе

Зошто Месечината е видлива во текот на денот? 7 изненадувачки факти

Читај повеќе

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Читај повеќе
  • filter

Новиот iPad Pro на Apple донесе големи подобрувања

Читај повеќе

Новооткриени цртежи покажуваат дека Сахара пред 4.000 години била радикално различно место

Читај повеќе