Видал го советува Алексис: Бегај од Интер, Мхитарјан игра повеќе од тебе

Артуро Видал (36) не игра поради повреда, па времето го користи за да испрати остри коментари на актуелни фудбалски теми. Чилеанецот играше во Интер од 2020 до 2022, а една од критиките е упатена кон неговиот поранешен клуб. Видал го советува соиграчот од репрезентацијата, Алексис Санчес (35), да го напушти клубот од Милано.

Санчес сезонава има 14 настапи и 2 гола за лидерот во Калчото, но вкупно одигра само 473 минути. Видал смета дека неговиот другар треба повеќе да игра.

„Алексис, ако ме слушаш, те молам замини од Интер. Треба да заминеш во клуб каде што ќе може да уживаш во играта. Но, тој нема да го направи тоа бидејќи е тврдоглав. Мхитарјан игра, а Алексис не… Би се убил само и да помислам на нешто такво“, рече Чилеанецот.

Санчес пристигна во Интер ова лето од Марсеј бесплатно, а веќе играше во Интер од 2019 до 2022 година.

Во својата кариера Санчес играше за Кобрело, Коло-Коло, Удинезе, Ривер Плејт, Барселона, Арсенал, Манчестер Јунајтед, Марсеј и Интер. За репрезентацијата на Чиле има 160 настапи и 51 гол. Минатата година Видал настапуваше за бразилскиот Атлечику Паранаенсе, а претходно за Фламенгу, Интер, Барселона, Баерн, Јувентус, Баер Леверкузен и Коло-Коло. За Чиле има 142 настапи и 34 гола.

Хенрих Мхитарјан (33) сезонава има 25 настапи за Интер, 2 гола и 6 асистенции за 1.883 минути игра. Тренерот Симоне Инѕаги го користи стандардно во средниот ред. Во својата кариера настапуваше за Пјуник, Металурх, Шахтар, Борусија Дортмунд, Манчестер Јунајтед, Арсенал и Рома. За Ерменија има 95 настапи и 32 гола, но за разлика од Чилеанците, е во репрезентативна пензија.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Фудбал

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе