Видови храна кои при замрзнување го губат хранливиот квалитет

Повеќето луѓе замрзнуваат шумско овошје и други сезонски плодови како што се праски и кајсии, но и разни други зеленчуци и ги оставаат за на зима. Познато е дека месото не смее предолго да се држи во замрзната состојба бидејќи подоцна станува опасно по здравјето. Треба да се обрне внимание и на некоја храна за која ваквиот начин на складирање воопшто не се препорачува.

Меѓутоа, не може сите намирници да се чуваат на температури под нулата, предупредува руската нутриционистка Марија Мухика. Замрзнувачот и ниските температури го менуваат составот на некои намирници, вели таа.

Овој процес особено му штети на зелениот зеленчук бидејќи му ги уништува хранливите состојки, витамините и антиоксидансите со кои изобилува.

„Замрзнувањето зелјест зеленчук и билки не се препорачува. Ако ги ставите на ниска температура ќе им се уништи хлорофилот, ќе им се изгубат витамините и антиокситантните својства. Ќе останат само влакната“, напоменува Мухина.

Читајте и: Колку долго меленото месо може да стои во замрзнувач?

Замрзнувањето, а потоа и одмрзнувањето, можат негативно да влијаат на нутритивната вредност на зеленчукот кој е богат со вода, додава таа.

„Зеленчукот богат со вода како краставица, домат и тиквички не можете да го замрзнете. Тие практично ќе станат нејадливи бидејќи по одмрзнувањето ја губат својата структура и стануваат 'гумени'“, објаснува руската нутриционистка.

Читајте и: Како правилно се замрзнува компир?

Уште еден вид намирница ги менува своите својства при ниски температрури, а тоа се протеинските.

„При процесот на замрзнување доаѓа до пукање на протеинските врски. Не можете да змрзнувате ферментирани млечни производи бидејќи по одмрзнувањето ќе бидат целосно водени и налик на сурутки“, додава таа.

Според нејзините зборови, ладното ја намалува активноста на полинезаситените масни киселини.

„Полинезаситените масни киселини во бадемите, кикиритките и лешниците со замрзнувањето ја губат својата активност. Односно, јаткастите плодови по замрзнувањето нема да бидат со толку висок квалитет“, прецизира Мухина.

Меѓу намирниците кои не треба да се замрзнуваат таа ги наведе и сирењето, кашкавалот и бананите.

реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Три намирници што ги зачепуваат артериите

Read more

Живот

Како да се ослободите од непријатните мириси во фрижидерот?

Read more

Во кој случај не треба да земете домашно милениче?

Read more

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more
 

Магазин

Дали знаете што е витамин N? Многу е веројатно дека сте во дефицит, како и повеќето луѓе

Читај повеќе
  • play_arrow

Еден од најактивните вулкани во светот исфрла злато во вредност од 6.000 долари секој ден

Читај повеќе

Како да се ослободите од непријатните мириси во фрижидерот?

Читај повеќе

Витаминска бомба против пролетен умор

Читај повеќе

Кардиолози откриваат како да го пресметаме ризикот од срцеви заболувања

Читај повеќе

На која возраст луѓето најчесто изневеруваат во љубовните врски?

Читај повеќе
  • play_arrow

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Читај повеќе
  • play_arrow

Бургер на едноставен начин

Читај повеќе

Три намирници што ги зачепуваат артериите

Читај повеќе