СЕРИЈА А 2019/20

Виери: Да не беше Донарума, Интер ќе победеше 6:0

За легендарниот голгетер Кристијан Виери на миланското дерби се покажал само еден тим, а само благодарение на голманот Џанлуиџи Донарума Милан не доживеал понижување.

„Тоа што го видовме саботата вечер не беше натпревар. Видовме еден одличен Интер, што и беше нормално со оглед на тоа што неколку денови претходно одиграа лош натпревар. Јасно беше дека ќе удрат жестоко, агресивно, со пресинг и желба. Милан скоро и да не направи ништо, само таа шанса на Сусо. Да не беше Донарума, Интер ќе победеше со 5 или 6 спрема 0“, изјави Виери во емисијата Tiki Taka на Italia 1.

Виери во својата кариера играше за двата милански клуба, но ѕвездените мигови ги доживеа во Интер, додека во Милан играше на крајот од кариерата. Како докажан голгетер, не можеше а да не го птокоментира и мајсторскиот гол со глава на Ромелу Лукаку.

„Одличен гол, убав. Конте го сакаше по секоја цена и во право беше што го донесе“.

Но, голот на Лукаку беше вториот, а резултатот го отвори Брозовиќ: „Сите очекуваа нафрлување, а наместо тоа Сенси му подаде на Брозовиќ кој реши да шутира“.

Интер влезе во дербито по еден крајно разочарувачки натпревар од Лигата на шампиони кога на „Меаца“ чешката Славија одигра 1:1, а малку фалеше и да слави победа.

„Луѓето не се нормални. По натпреварот од Лигата на шампиони против Славија фрлаа со дрва и камења по сите играчи. Три дена подоцна ги величаат сите“, заврши популарниот Бобо Виери.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Фудбал

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе