„Вијаграта“ е поврзана со речиси 70 отсто помал ризик од Алцхајмерова болест

Примањето на лекот „силденафил“, попознат под брендот „вијагра“, е поврзано со значително помал ризик од развој на Алцхајмерова болест, открива едно американско истражување.

Според студијата на Клиниката Кливленд, корисниците на „силденафил“ имаат речиси 70% помал ризик да развијат Алцхајмерова болест од оние кои немаат.

Студијата се заснова на анализа на податоците за здравственото осигурување на повеќе од 7,2 милиони луѓе, а податоците покажуваат дека групата која земала „силденафил“ имала многу помала веројатност да развие симптоми на Алцхајмерова болест во следните шест години од оние кои не го направиле тоа.

Важно е да се забележи дека набљудуваната поврзаност - дури и на толку голем примерок - не е нужно доказ за каузалноста. На пример, луѓето од групата што примала „силденафил“ може да имаат помал ризик од развој на Алцхајмерова болест поради друг фактор, велат авторите.

Сепак, истражувачите велат дека откриената корелација, заедно со другите индикатори во студијата, е доволна за да го направи „силденафил“ ветувачки кандидат за употреба против Алцхајмерова болест, а неговата веродостојност би можела да се испита во идните клинички испитувања за да се докаже дали постои врска.

„Откривме дека употребата на силденафил ја намалува веројатноста за Алцхајмерова болест кај лица со коморбидитети како што се коронарна срцева болест, хипертензија и дијабетес тип 2, но исто така и кај оние без коморбидитети“, објаснува биологот и главен автор на студијата, Фексионг Ченг од Клиниката Кливленд.

Ова не е првпат употребата на „силденафил“ да се поврзува со поволни здравствени резултати, бидејќи се покажа како ветувачки во различни научни контексти, вклучително и во третманот на рак и маларија.

Истражувањето е објавено во списанието Nature Aging.

реклама

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

„Исплива“ видео: Дали победата на Немо на Евровизија беше наместена?

Read more

Здравје

Алармантен број млади луѓе заболуваат од три типа на рак

Read more

Што се случува во телото кога јадете јагоди?

Read more

Нефролог откри која храна е најдобра за здравјето на бубрезите

Read more

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Како изгледа животот на еден од најгусто населените острови во светот?

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 15 најстрашни туристички атракции

Читај повеќе
  • play_arrow

Печурки во кремаст сос од павлака и кашкавал

Читај повеќе

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Читај повеќе

Алармантен број млади луѓе заболуваат од три типа на рак

Читај повеќе

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Читај повеќе

Што се случува во телото кога јадете јагоди?

Читај повеќе

Нефролог откри која храна е најдобра за здравјето на бубрезите

Читај повеќе

5 знаци дека сте во токсична врска со себе

Читај повеќе