Вин Дизел објави носталгична песна за времето пред пандемијата
Додека филмската индустрија е на пауза поради пандемијата на коронавирусот, славниот актер Вин Дизел пронајде друг начин за да остане активен.
По песната „Feel Like I Do“, тој објави уште една песна наречена „Days Are Gone“, која претставува како сите се чувствуваме кога со носталгија се присетуваме на времето пред пандемијата.
„Песната не е за пандемијата, но луѓето ќе се поврзат со носталгичните елементи на песната. Сакав песната да зрачи со оптимизам“, вели актерот.