Вистина или мит: Дали морковите го подобруваат видот?

Здравата исхрана е една од клучните работи за добро функционирање на организмот. Кога се зборува за тоа која храна е најдобра за видот, на многумина прво што им доаѓа на ум се морковите.

Доктор Џоел Мекгахен се занимава со различни проблеми со видот, а сега објасни дали морковот навистина може да го подобри видот.

Морковите се богати со бета-каротен, кој телото го користи за производство на витамин А. Морковите се добри за намалување на нивото на холестерол и за подобрување на видот. Витаминот А помага окото да ја претвори светлината во сигнал кој се испраќа до мозокот, овозможувајќи подобро да гледате при слаба светлост.

Ако станува збор за човек со ослабен вид или какви било проблеми со очите, веднаш треба да посети експерт за правилна дијагноза и лекување.

Според студиите, нејасно е колку моркови треба да изедеме за да се подобри видот. Повеќето истражувања се насочени на бета-каротенот или на витаминот А, не посебно на морковот.

Контролна студија од 2005 година спореди различни намирници богати со витамин А кои можат да помогнат кај ноќно слепило кај трудниците. Резултатите покажале дека при тоа може да помогне редовното јадење морков и тоа околу 127 грама шест дена во неделата.

Од друга страна, некои студии сугерираат дека бета-каротенот не се претвора во витамин А и дека луѓето треба да го земаат како додаток. Покрај тоа, ако јадете премногу морков, тоа нема да го поправи видот, се наведува во студиите. Кога имате доволно бета-картоен во телото, тоа нема да се претвори во витамин А. Телото природно реагира на прекумерно производство на витамин А за да спречи насобирање материи до токсично ниво.

Со оглед на тоа дека нема јасни показатели дека морковите го подобруваат видот, Мекгахен советува да ги јадете колку што сакате. За добар вид во исхраната вклучете и зелен лиснат зеленчук, како спанаќ и кељ.

Тагови
реклама

Олово, кадмиум и арсен се пронајдени во домат и крставица на македонскиот пазар

Read more

Протече нов нацрт договор од СЗО:„Светот мора да се подготви за нова уште посмртоносна пандемија“

Read more

Трагична несреќа кај Штип со три загинати лица

Read more

Цели семејства од Македонија одат на сезонска работа во Хрватска

Read more

Здравје

Објавена листа на земји со највисоки стапки на дијабетес, каде се рангира Македонија?

Read more

Како доаѓа до предозирање со алкохол и какви последици по здравјето може да остави?

Read more

Кога да се посомневате во проблеми со тироидната жлезда?

Read more

Што открива бојата на вагиналниот исцедок и кои се последиците ако го игнорираме?

Read more
 

Магазин

Правна држава е ова

Читај повеќе

Мечка влегла во пекара, ги исплашила вработените и изела 60 колачи

Читај повеќе

Шненокле - едноставен десерт со 5 состојки што ги имате дома

Читај повеќе

Соборен интересен рекорд: Flight Radar објави колку авиони имало на небото во еден ден

Читај повеќе
  • play_arrow

Некој меѓу нас не е наш...

Читај повеќе

Зошто мажот не се одлучува на брак, иако е заљубен?

Читај повеќе

Секое лето различен цвет: Трик за хортензиите магично да менуваат боја

Читај повеќе

Храна што ќе ви помогне да го стопите салото на стомакот

Читај повеќе

3 најпресметливи хороскопски знаци: Калкулираат за сѐ и имаат скриени намери

Читај повеќе