Витаминот Д и коронавирусот - Вистинска или залудна надеж?

Витаминот Д има важна улога во нашиот организам, а некои научници веруваат дека може да помогне заразените со SARS-CoV-2 да избегнат тешка клиничка слика. Други мислат дека е залудна надеж, односно бескорисен, пишува DW.

Резултати од студии на оваа тема сè уште нема, па останува да видиме што ќе покажат идните истражувања. Сепак, витаминот Д е во тренд. Нивото во организмот на витамин Д опаѓа и расте под влијание на сончевите зраци. Ако кожата впива доволно УВ-зраци, телото е способно само да го произведе. Преку исхрана може да се внесе само 10 до 20 проценти од потребниот витамин.

Анализа на Универзитетот во Хохенхајм сега ги поврза недостатокот на витамин Д, одредени заболувања и тешката клиничка слика среде зараза со коронавирусот.

„Постојат бројни индиции дека разни незаразни болести како висок крвен притисок, дијабетес, болести на кардиоваскуларниот систем и слично, се поврзани со ниското ниво на витамин Д. Таквите придружни заболувања, заедно со недостатокот од витамин Д го зголемуваат ризикот од тежок развој на COVID-19“, стои во анализата.

Во тек се истражувања за нивото на витамин Д во човечкиот организам и што укажува тоа.

„Нивото на витамин Д е добар показател доколку некој е болен. Но, не е повеќе од тоа“, вели ендокринологот Мартин Фаснахт од Универзитетската клиника во Вирцбург.

Според него, досегашните студии не потврдија дека витаминот Д има исцелителска функција. Во анализата на Универзитетот пишува дека кај заразените со коронавирусот веднаш било проверено нивото на витамин Д, со цел да се подигне ако е прениско, но Фаснахт не верува дека тоа би придонело за нешто. Тој потсетува дека се пропаднати сите досегашни клинички обиди да се промени текот на болеста со додавање на витамин Д.

Сепак, смета дека вреди да се проба, бидејќи никогаш не се знае.

„Не сакам да ја исклучам можноста кај одредени подгрупи на пациенти да дојде до подобрување со давање на витамин Д“, вели тој.

Сепак, во тек се бројни студии на оваа тема, па наскоро јавноста ќе дојде до цврсти и сигурни научни сознанија за поврзаноста на витаминот Д и коронавирусот.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Здравје

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more
 

Магазин

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе