Владата прогласи дел од Малешевијата за заштитен предел

На денешната 127. седница, Владата ја усвои Предлог-одлуката за прогласување на дел од Малешевијата за заштитено подрачје во категорија V-заштитен предел, со што територијата на заштитени подрачја на ниво на држава се зголеми на 13,8%, информира министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини.

– Во оваа прилика изразувам благодарност до Министерството за економија и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за разбирањето и поддршката во заштитата на природните вредности и обезбедувањето на одржлив социо-економски развој и на ова подрачје, вели Нуредини.

Министерот додаде дека површината на идното заштитено подрачје заштитен предел Малешево изнесува 11.460,89 хектари, во рамките на кое се предложени и дефинирани три зони во заштитено подрачје, воспоставени заради вршење на дејноста за заштита и унапредување на природата.

– Прогласувањето на дел од Малешево за заштитен предел ќе придонесе кон унапредување на имплементација на Aichi целите од Конвенцијата за биолошка разновидност (CBD) и другите конвенции за заштита на природата (Bern, CITES, Bonn, Ramsar и др.), за прогрес во исполнување на целите и акциите од Националната стратегија за заштита на природата и од Националната стратегија за биолошка разновидност, како и за прогрес во имплементација на ЕУ директивите за живеалишта и птици, унапредување на прекугранична соработка во областа на заштита на природата со Република Бугарија, развој на екотуризмот и локалната економија и друго, истакнаа од Влада.

Присуството на бројни, меѓународно и национално значајни видови и живеалишта, значајни локалитети од аспект на геодиверзитетот, културното наследство како и вековната интеракција помеѓу човекот и природата која резултирала со појава на значајна пределска разновидност, го прават Малешево особено вредно за зачувување. Согласно одлуката на Владата, со заштитеното подрачје Малешево интегрирано ќе управува ЈП „Национални Шуми“, а ПЗП ќе обезбеди дополнителна поддршка при изработката на Планот за управување и зајакнување на капацитетите на телото, истакнаа надлежните.

Примената на швајцарското искуство во вакви процеси, како и примената на партиципативен пристап со различни релевантни чинители, како што додадоа придонесоа кон успешноста на овој процес.

– Процесот за прогласување на Малешево за заштитено подрачје се води во рамки на Програмата за зачувување на природата (ПЗП) и е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), координиран од Фармахем од Скопје, додадоа координаторите од општините Берово и Пехчево.

Локалната експертиза во процесот како што додадоа е на Македонското eколошко dруштво (МЕД), со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и целните општини Берово и Пехчево.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе