НЕПОДНОСЛИВА ЛЕСНОТИЈА НА СВИРЕЊЕ

Влатко Стефановски за првпат во Сараево одржа концерт со синот

Влатко Стефановски и триото V3 синоќа одржаа епохален концерт во Босанскиот културен центар во Сараево, објави Klix.ba.

Фото: Klix.ba

Заедно со двајцата одлични млади музичари на сараевската публика ѝ пружи енергична и емотивна музичка масажа.

По долго време Стефановски пристигна во Сараево, како дел од мини турнејата низ Босна и Херцеговина, а овој пат дојде заедно со синот Јан Стефановски кој свири на тапани, и одличниот басист Иван Кукиќ. Тројцата го хипнотизираа секој човек во салата на БКЦ со внимателно одбраниот музички репертоар, изведбата и неподносливата леснотија на свирење.

Фото: Klix.ba

Стефановски е квалитетен кантавтор и еден од најмаестралните гитаристи од овие простори, а тоа повторно го потврди со својот синоќешен настап, се вели во објавата на Klix.ba. Концертот започна со препознатливите ритми на „Македонско девојче“, а потоа следеа различни тонови и гласови. Човек чија музика е џез и рок и фанк и гранџ, полн со идентитет, лишен од тривијалност - преку двочасовна програма на слушателите им пренесе голем дел од себе, својата музика, емоции и верувања.

Фото: Klix.ba

„Вера, надеж, љубов“, повтори Стефановски и тоа никогаш не ни било попотребно, пишува Васиќ.

„На музичкото патување уживавме и во неискажливи инструментални балади, но и во виртуозните и блескавите сола на тројцата музичари. За Стефановски знаевме дека со неговата умешност за малку ќе ве испрати во астрална проекција и транс, но она што го покажаа двајцата млади музичари - таа зачуди, предизвика почит и остави надеж. 21-годишниот син на Влатко покажа завидна вештина и енергија на тапани, а на бас гитара беше 24-годишниот ‘Господар на прстените’ - уште еден од оние посебни луѓе кои знаат да му дадат вистинско значење на овој инструмент. Интересно е и тоа што ова е прв концерт на Јан во Сараево, а Влатко имаше точно 21 година кога за првпат настапи пред сараевската публика“, пишува Klix.ba.

На крајот, тројцата заедно со хитовите на „Леб и сол“ и последниот албум на Влатко, суштински ја подготвија публиката за крај во безстресна и безгрижна состојба. И Сараево беше на нозе.

реклама

Музика

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Read more

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Read more

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Read more

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе