Влез во Србија без ПЦР тест само за вакцинирани

Кризниот штаб за борба против коронавирусот на седница на која е разгледана епидемиолошката состојба во Србија одлучи да нема ублажување на постојните мерки. Исто така, одлучено е граѓаните на Србија кои се целосно вакцинирани со вакцинините на Sinopharm, Pfizer и Спутник, како и оние граѓани кои примиле една доза од вакцината AstraZeneca, да им биде дозволен влез во земјата без негативен ПЦР тест или изолација. Истото ќе важи и за странските државјани, јави дописникот на МИА од Белград.

Покраинскиот секретар за здравство, Зоран Гојковиќ, по седницата изјави дека и натаму е голем бројот на заболени граѓани и дека постојните мерки придонеле да не дојде до голем експоненцијален раст на новозаболени лица.

-Владата со указ ќе прецизира оние лица кои целосно ќе се вакцинираат, со потврда за вакцинација од Србија, да можат да влезат во земјата без ПЦР тест и без изолација, кажа Гојковиќ.

Истото ќе важи и за странските државјани, кои ќе можат да влезат во Србија без ПЦР тест и карантин, доколку целосно се вакцинирани со вакцини од Србија, изјави тој.

-Целосната вакцинација вклучува две дози на вакцинација на Pfizer, Спутник V и Sinopharm. Бидејќи AstraZeneca моментално има само една доза, се подразбира дека една доза е еднаква на овие три вакцини за кои е потребна двојна имунизација, објасни Гојковиќ.

Тој додаде дека државата се подготвува за Велигден, не само католичкиот, туку и за православниот за шест недели, така што за тој период пак ќе се дискутира за мерките.

Тој додаде дека е анализирано барањето на Министерството за образование да им овозможи на учениците кои биле на онлајн настава од почетокот на годината, да бидат оценувани во мали групи во училиштата каде што постои можност за тоа.

Гојковиќ кажа дека сегашните мерки остануваат во сила до наредното известување, бидејќи придонесоа да нема експоненцијален скок на заразените.

Тој потсети дека досега во Србија се вакцинирани околу 1,3 милиони луѓе и дека речиси 900.000 лица се целосно имунизирани. 

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Регион

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Read more

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Read more

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Read more

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе