ВМРО-ДПМНЕ: Мерките од шестиот пакет нема да ги покријат загубите на стопанството

„Шестиот пакет мерки на Заев и Бесими е задоцнет и мерките се ненаменски предвидени. Повторно трошки за стопанството, кои нема да им бидат од помош за излез од оваа криза", реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека бизнис секторот и стопанството во Македонија мака мачат како да ја надминат КОВИД кризата, ни со овој пакет мерки нема бизнис секторот да ги покрие ни дел од загубите.

Овој пакет, власта го има скроено со цел минимална санација од штетите кои се предизвикани од пандемијата, а не за обесштетување на фирмите.

Најпогодените сектори, текстилната и кожарската индустрија, каде што изминатиот месец илјадници луѓе отидоа на принуден одмор и беа отпуштени од работа, власта со овие мерки за овие сектори, не предвидува поддршка.

Исто така нема помош ниту за градежниците, рударската дејност, естрадните уметници, а нема мерки ниту за инвеститорите во индустриските зони, ниту за прехранбената индустрија.

Мерките на СДСМ и Заев не го помагаат бизнисот и не отвораат нови работни места, дури не помагаат ни за задржување на актуелните вработени во фирмите.

Криминалната власт на СДСМ и Заев нема соодветна фискална политика, нема намалување на даноците, при што не му помага на приватниот сектор, туку ги влошува состојбите.

Наместо поддршка кон стопанството, мерките ќе ги претворат најкритичните економски сектори во најкритични социјални сектори, а последицата ќе биде технолошки вишок на вработени или КОВИД-19 стечајци.

Ова е најнеспособната економска влада во Република Македонија. Секојдневно се затвораат фирми, стотици луѓе ги губат своите работни места, а криминалците од власта мислат само на тендери, криминал и лично богатење.

Со Зоран Заев и СДСМ имаме само уназадување во економијата. Оваа власт на Заев не е насочена кон спас на економијата, власта на Заев е насочена кон лично богатење, корупција и криминал", се вели во соопштението за јавноста од ВМРО-ДПМНЕ.

реклама

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Македонија

Граната од Првата светка војна најдена најдена во близина на кампот за мигранти во Гевгелија

Read more

Апасиев од Штип: Единствен бранител против Бугарите во Устав ќе биде Левица

Read more

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, но СДСМ е подготвена за секаков резултат

Read more

Сончево и топло, температурата до 28 степени

Read more
 

Вести

Путин ги откажа парадите на 9 мај: Стравот од украински напад е посилен од традицијата

Читај повеќе

Остар пад на доларот

Читај повеќе

Велигденски концерт на НУ Охридско лето со женскиот хор Менада

Читај повеќе

Граната од Првата светка војна најдена најдена во близина на кампот за мигранти во Гевгелија

Читај повеќе
  • filter

Русите жестоко напредуваат, Украинците бесни: Ова е вистинската ситуација на бојното поле, нѐ лажат

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна експлозија во воена база во Камбоџа, загинаа 20 војници

Читај повеќе
  • filter

Апасиев од Штип: Единствен бранител против Бугарите во Устав ќе биде Левица

Читај повеќе

Милано на чекор да воведе забрана за продажба на храна и пијалаци после полноќ оти туристите ги вознемирувале жителите

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Грција

Читај повеќе