Внимателно тргување на Волстрит, се очекува агресивно зголемување на каматните стапки

Во средата на Волстритсе тргуваше претпазливо, бидејќи новите податоци покажаа дека американскиот пазар на труд останува многу силен и ФЕД може да ги зголеми каматните стапки поагресивно од очекуваното во март. Dow Jones загуби 0,18 отсто, на 32.794 поени, додека S&P 500 зајакна 0,14 отсто, на 3.992 поени, а индексот Nasdaq 0,40 отсто, на 11.576 поени.

Внимателноста на најголемата светска берза е последица на натамошниот раст на вработеноста во САД. Агенцијата за вработување ADP вчера извести дека бројот на вработени во приватниот сектор во февруари е зголемен за 242.000, двојно повеќе од претходниот месец и повеќе од очекувањата на аналитичарите.

Ова покажува дека побарувачката на пазарот на трудот е сè уште силна, па може да се очекува раст на платите и потрошувачката, а тоа значи дека американската централна банка ќе продолжи да ги зголемува каматните стапки. Еден ден претходно, претседателот на ФЕД, Џером Пауел, рече дека централната банка е подготвена да преземе поголеми чекори доколку идните економски податоци покажат дека се потребни построги мерки за зауздување на инфлацијата.

Колку агресивно ФЕД ќе ги зголеми каматните стапки?

Ова предизвика страв кај инвеститорите дека централната банка ќе ги зголеми клучните каматни стапки за агресивни 0,50 процентни поени на седницата во март. Затоа, пазарот на пари проценува дека ФЕД до септември ќе ги зголеми каматните стапки во опсег од 5,50 до 5,75 отсто, додека сега каматните стапки се меѓу 4,50 и 4,75 отсто.

Сепак, тоа ќе зависи и од дополнителните податоци за инфлацијата и движењата на пазарот на трудот. Затоа извештајот за вработување во САД во петок ќе биде во фокусот на инвеститорите. Аналитичарите анкетирани од Ројтерс процениле дека бројот на вработени се зголемил за 200.000 во февруари, многу побавно од 517.000 во јануари.

Внимателно вчера се тргуваше и на европските берзи. Истовремено, лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,13 отсто, на 7.929 поени, а франкфуртски DAX за 0,46 отсто, на 15.631 поен. Парискиот CAC, пак, ослабе за 0,20 отсто, на 7324 поени.

Тагови
реклама

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Три намирници што ги зачепуваат артериите

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Бизнис

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Read more

Остар пад на доларот

Read more

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more
 

Вести

Зеленски до Американците: Побрзајте!

Читај повеќе

Обвинителството бара продолжување на притворот на осомничените за убиството на двегодишната Данка

Читај повеќе

Мицкоски: Наша цел е за првпат коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ од опозиција да освои мнозинство во Парламент

Читај повеќе
  • play_arrow

„Алах Акбар“ на улиците на Хамбург, муслиманите повикаа на калифат и шеријат

Читај повеќе

Русите го попречуваат GSP сигналот, Финците паузираат дел од летовите за Естонија

Читај повеќе

Црна Гора воведува седумчасовно работно време до крајот на годината

Читај повеќе

Финансии побара до крајот на денов да се стави во мирување поскапувањето на осигурувањето на автомобилите при регистрација

Читај повеќе

Со лажни формулари откупувале стари акумулатори – кривична против три лица и една фирма

Читај повеќе

Вработените во Фондот за здравство утре излегуваат на протест за повисоки плати

Читај повеќе