Во Албанија циркулира варијантата BA5 на COVID-19

Во Албанија во постојан раст е бројот на новозаразени лица со COVID-19, каде од почетокот на месецов во просек дневно има по околу 700 новозаразени, а вчера тој број изнесуваше 1.001, што е 45,2% од тестираните.

Националниот комитет на експерти за справување со пандемијата, потврди дека во земјата циркулира варијантата BA5.

– Во земјата циркулира варијантата BA5, за која немаме јасни податоци за формите, ниту за процентот на смртност. Имаме и малку податоци за преносливоста на оваа варијанта. Граѓаните да се вакцинираат. Секое лице кое поминало еден месец од прележувањето на заразата треба да се вакцинира, со која било вакцина. За ова нема дискусија, изјави една од најпознатите епидемиолози во Албанија, Силва Бино.

Во првите недели од јуни во Албанија имало намалување на хоспитализациите, кога на болнички третман биле само 4 пациенти, додека во јули зголемен е бројот на кои им е неопходен болнички третман, односно 5 до 6 дневно, при што најпогодени возрасни групи се оние над 60-годишна возраст.

Гостувајќи во емисија на News 24, Бино потсети дека може да се вакцинираат сите лица над 12-годишна возраст и оти од пред неколку дена се аплицира и четврта доза. Таа додаде дека во изминатите три месеци речиси воопшто немало интерес за вакцинација, што е многу погрешна перцепција.

Според Минстерството за здравство бројот на заразени со COVID-19 изнесува 5.644 лица, додека експертите предупредуваат дека нивниот број е најмалку двапати повисок.

реклама

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Read more

Регион

Нови сведоци во случајот за убиството на Данка Илиќ

Read more

Пет деца во тешка состојба откако мајка им ги избањала со средство за чистење на паразити

Read more

Српската полиција критикувана за случајот Данка: Ова е сериозен скандал

Read more

Радев: Набргу ќе се знае дали ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска ќе работат за европската перспектива на Скопје

Read more
 

Вести

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Читај повеќе

ЕУ ги заострува правилата за мигрантите

Читај повеќе

Франција: Напаѓачи убија двајца полицајци и побегнаа со затвореник

Читај повеќе

САД ѝ наметнаа тешки царини на Кина

Читај повеќе

МВР со детали за двојното убиство во Стајковци

Читај повеќе

На Токсикологија разрешен Петровски, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Читај повеќе

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа

Читај повеќе

Лога: Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го вратат уставното име

Читај повеќе

Kонтроверзниот закон за странски агенти помина во грузискиот парламент

Читај повеќе