Во Англија пронајдена опасна желка со чуден изглед која лесно може да прегризе коска

Во северозападниот дел на Англија е пронајдена опасна желка со вилици доволно силни за да прегризат коска.

Алигаторските желки потекнуваат од реките и мочуриштата на Флорида, а се препознаваат по нивниот оклоп, кој им дава изглед на диносаурус.

По неколку видувања на животното, слатководниот рептил бил фатен од локалната советничка Денис Чембрлејн, која ја ставила желката во корпа за пазарење и ја однела на ветеринар. Ветеринарот Дом Мул изјави за Sky News дека бил „навистина изненаден“ кога г-ѓа Чембрлејн ја донела желката.

Отпрвин помислил дека мистериозниот рептил можеби е морска желка карета.

„Ни најмалку не очекував дека тоа ќе биде алигаторска желка“, рече тој. Додаде дека животното најверојатно го фрлил сопственик кој кога го набавил не знаел колку е тешка грижата за ова за егзотично милениче.

URL

Ветеринарниот персонал во моментот не можел да го каже полот на желката бидејќи е релативно мала, но тоа не ги спречило да ѝ дадат име.

„Желката колоквијално ја нарекувавме Флафи. Изгледа прилично слатко на чуден начин, па решивме да ѝ дадеме слатко име“, објасни ветеринарот.

Иако немаше недостиг од луѓе кои се нудеа да го посвојат Флафи, беше одлучено рептилот да биде преместен во специјализиран центар за диви животни во Корнвол. Алигаторските желки се инвазивен вид кој лесно може да касне низ коска и човечки прст, според енциклопедијата Britannica.

Алигаторските желки се ловци кои обично се хранат со риби, жаби, мали цицачи, па дури и други желки. Можат да пораснат до 100 см и да тежат до 90 кг.

Тагови
реклама

Чек дис аут

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Read more

Еден од најактивните вулкани во светот исфрла злато во вредност од 6.000 долари секој ден

Read more

Бургер на едноставен начин

Read more

Скопски сеоски фудбал: Зајко пасе позади гол

Read more
 

Магазин

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе